Назад

Кои 6 работи им се најзначајни на добрите лидери и зошто?

Постојат два типа на лидери:

Прво, оние кои го градат својот тим под себе. Тие се капетани. Кога тие се тука, тимот се движи во одлична насока, а кога не се, тогаш тимот се губи и не знае да се снајде. Тие сѐ уште се добри лидери, но успехот на тимот е целосно зависен од инволвираноста на лидерот.

Другиот тип на лидери, се оние кои ја градат организацијата во насока на стекнување и поседување многу вештини, навики, дисциплини и најдобри пракси. Тој лидер е инволвиран  во работата со тимот и сите знаат дека тој е главен, но успехот на тимот не се должи само на него – бидејќи овој лидер создал нешто сосема поразлична. Тој создал култура, а не хиерархија.

Добрите менаџери и лидери се креатори на култура. Тие не се заинтересирани за тоа да бидат видени како главни на висока позиција, туку се фокусирани на создавање средина која овозможува напредување, презема одговорност и постојатно расте.

Па, како тие успеваат да го постигнат тоа и кои се работите за кои тие се грижат за да го постигнат својот успех?

1. Рутина

Исто како и ефективните луѓе што имаат рутини, така и во ефективните канцеларии постојат рутини. На пример, секој понеделник има состанок за планирање на целата седмица и секој петок има состанок за дискутирање и анализа на резултатите постигнати во таа седмица.

Што и да е вашата рутина, сѐ додека е прифатена од заедницата и се сфаќа одговорно и сериозно, ќе биде ефективна. Целта на рутината е да го елиминира прашањето: „Што ќе правиме?“. Откако ова ќе се реши, целиот тим може да се фокусира на важните задачи.

2. Одговорност

Ако тимот се состои од членови кои само покажуваат со прст на други и ја префрлаат вината, никој нема да научи ништо и никој нема да се развива професионално. А, ова почнува од врвот – ако лидерот и менаџерот не знаат да преземат одговорност, тогаш никој нема да го прави тоа.

Ова мора да биде дел од културата на организацијата, а добрите лидери го знаат ова. Целта е да се покаже, а не да се зборува, а тоа се учи така што надредените први ќе преземат одговорност за себеси.

3. Слушање

Кога се работи во тим, клучен момент е слушањето. Добрите лидери и менаџери не им наредуваат само на луѓето што да прават, туку и ги слушаат што имаат тие да кажат. А, на тој начин ги учат и останатите да го прават тоа.

4. Доверба

Не постои ништо полошо од тоа да се работи во атмосфера, во која луѓето ќе зборуваат едни за други позади грб. За да се постигне ефективност во тимот, луѓето мора да си веруваат еден со друг.

Добрите шефови го поставуваат овој стандард уште на самиот почеток, бидејќи никој не може да работи како што треба во средина каде што се чувствува емоционално несигурно.

5. Позитивен фидбек

Добрите менаџери и лидери знаат точно како да добијат позитивен фидбек, да го притиснат тимот, да бидат строги, и знаат до каде можат да одат со тоа тестирање без да ве „скршат“ и да постигнат спротивен ефект. А, тоа е клучно за да се добие најдоброто од луѓето.

Добар шеф е како добар тренер. Има денови кога членовите на тимот ќе бидат фрустрирани, емоционални и ќе мислат дека добиваат многу строг третма, без причина. Но, на крај, ќе ја научат лекцијата на која лидерите сакале да ги научат. А, ако го сфатат тоа како што треба, потоа ќе го ценат многу.

6. Семејство

Некогаш поминувате повеќе време со колегите од работа, отколку со семејството. Добрите шефови не го злоупотребуваат тоа – тие се обидуваат да направат тоа инвестирано време да биде вредно.

Тие го гледаат тимот како семејство и така и го третираат. Тие креираат култура во организацијата каде луѓето сакаат да се гледаат едни со други.

Тоа не треба да биде само канцеларија, туку работна околина исполнета со луѓе со кои сакате да работите.