Назад

5 нешта кои ќе ги научите од вашата прва работа

Ако сте се приклучиле во светот на работата неодамна, тогаш честитки! Сте направиле голем чекор кон градење на живот кој е значаен и моќен.

Но, и за останатите кои сѐ уште не стигнале до тој чекор, без разлика дали тоа ќе биде пракса, обука, или работа на неопределено време, знајте дека ќе се соочите со неповторливо искуство.

Можеби ќе се чувствувате нервозно, што е сосема нормално. Но, сепак запаметете: како и да се чувствувате за првата работа,

таа најверојатно нема да ви биде и последна.

Новите генерации важат за генерации кои ги менуваат работните места на секои 1-3 години.

Што ќе научите:

Вашата прва работа е навистина важна како што ја доживувате

Додека не почнете да работите првпат, нема да сфатите колку е тоа всушност важно. „Платени сте“ за да бидете некаде и да завршите некоја задача.

Дури и да сте работеле на скратено работно време или за време на викенди додека сте студирале, сепак има нешто посебно во тоа да влезете во канцеларија со работна позиција и задачи што треба да ги извршите. Од вас зависат луѓе, па затоа сфатете го тоа сериозно.

Работниот свет е полн со жаргони

Секако, ова зависи од компанија до компанија. Нема секаде да се изразуваат со исти фрази, но вашето ново работно место, најверојатно има свои скратени зборови или фрази кои ги користат. Добро би било да можете брзо да се вклопите со истите за да не пропуштите нешто.

Работните навики се создадени со причина

Дали сите во вашата канцеларија одат на пауза во исто време? Дали пијат заедно кафе или секој си го носи своето на работното биро?

Обидете се да ги откриете тие навики на вашите колеги, бидејќи големи се шансите дека тие постојат со причина, па ќе треба и вие да ги применувате.

Постои петочна атмосфера

На многу луѓе им е тешко да се прилагодадат на распоредот на целосно работно време, па нормално е да се чувствуваат уморно после долгата недела. Не паничете ако во петок ве фати нервоза во сред работа и посакате да си одите.

Вдишете длабоко, прошетајте околу канцеларијата, или земете грицки – не сте сами, сите едвај чекаат да си отидат и да уживаат во викендот, но мора да ги завршите работните обврски до крај.

Секој ден е нова лекција

Очигледно, нели? Секој ден ќе се соочувате со нешто ново, нови работни навики, нови колеги, можеби некој кој ќе ви оди на нерви, непланирани задачи... Но, од сѐ што ќе ви се случува, ќе научите по нешто ново.

Фокусирајте се на работата, користете ја секоја шанса да се докажувате и не дозволувајте новите искуства да исчезнат во рутините кои ги градите.