Назад

15 мали чекори за зајакнување на кариерата, кои може да ги направите за време на празниците

Дојде и крајот на декември, а вие работевте напорно цела година. Напишавте толку многу е-маилови, поминавте часови и часови пред компјутер, во канцеларија, на терен или пак, барајќи нова работа и проекти.

Ако некој заслужува конечно одмор, тоа сте вие!

Но, сепак не треба целото време за одмор да го потрошите залудно.

Без разлика дали сте вработени или не, искористете ги овие денови правилно и направете нешто за вашата кариера, за во новата година да бидете пофокусирани и организирани.

А, ова се 20 чекори со кои ќе превземете акција:

1. Забележете ги вашите достигнувања и победи

Направете листа со најдобрите 10 достигнувања од изминатата година. Потоа, овие „победи“ можат да станат придобивки со тоа што ќе ги вметнете во вашето резиме, а работодавачите обожаваат кога можат да ги видат вашите достигнувања.

2. Честитајте го успехот некому

Со тоа што ги славите победите на другите, ќе го потврдите кажувањето дека сте позитивна и охрабрувачка личност – квалитети што секој работодавач ги сака!

3. Редизајнирајте ги вашите професионални материјали

Нарачајте нови впечатливи бизнис картички. Или, редизајнирајте ги вашите онјалн профили.

4. Исчистете го „инбоксот“

Ова не значи само да ги избришете старите меилови, туку и да направите „unsubscribe“ од сите места од кои ви стигаат маилови што го трошат вашето време и го полнат вашето електронско сандаче.

5. Испратете картичка за благодарност

Размислете на вашите колеги, менаџер, или ментори кои ви помогнале и ве инспирирале со нешто изминатава година и дајте ѝ на таа личност до знаење колку сте благодарни за тоа. Секако, тоа може да биде и преку е-маил.

6. Прочитајте и научете како да го доведете вашето CV до совршеност

Прочитајте текстови каде што има совети кои ќе ве одведат поблиску до посакуваната работа. Како треба да изгледа вашето CV, кои вештини ги бараат работодавачите, и сѐ останато со што можете да го дополните CV-то.

7. Научете како да одговорите на најчесто поставуваните прашања на интервју

Пребарајте ги текстовите во кои можете да најдете многу корисни информации за тоа како треба да се однесувате на интервју, кои прашања ги поставуваат работодавачите, како треба да одговорите на нив, што не треба да кажете или што да очекувате.

8. Обновете ја вашата професионална облека

Обидете се кога купувате облека, тоа да биде нешто во кое ќе изгледате професионално и пристојно, а сепак ќе можете да го носите често.

9. Реорганизирајте го вашиот простор за работа

Тргнете ги сите непотребни работи што зафаќаат место на вашето биро и додадете му убавина на просторот за работа.

10. Наспијте се

Хроничниот замор не може никако да ви помогне, па затоа одморете се, бидејќи така ќе бидете попродуктивни.

11. Изгуглајте го вашето име и презиме

Проверете што сѐ излегува поврзано со вас. Отстранете ги сите непријатни фотографии од социјалните мрежи, невкусни коментари и сѐ што може да направи да изгледате непрофесионално.

12. Одберете една или повеќе вештини кои сакате да ги подобрите или поседувате во 2017

Тоа може да биде јавно говорење, маркетинг вештини, или пак, компјутерски вештини. Запишете се на курс, посетувајте предавања или семинари, а потоа одлучете како ќе ја развивате и употребувате таа вештина.

13. Прочитајте книги за успех во кариерата

Распрашајте се наоколу или проверете на интернет, одберете нешто по ваш вкус и прочитајте книги кои ќе ви помогнат да ја подобрите кариерата водејќи се по стапките на веќе успешните.

14. Зголемете го вашето LinkedIn присуство

Оваа мрежа нуди многу предности, па обидете се да бидете колку што можете поактивни, пополнете го вашиот профил или ако го немате, направете го и поврзете се со што повеќе луѓе.

15. Напишете го вашиот едногодишен план

Без разлика на вашиот статус, размислете и испланирајте како да ја однесете вашата кариера на повисоко ниво. Можеби тоа ќе биде унапредување, покачување на платата, промена на работното место и барање на нова работа. Како и да е, откријте што сакате и остварете го.