Назад

7 компјутерски вештини и алатки кои е добро да ги знаете, иако не сте ИТ професионалци

Факт е дека не може да поседувате доволно вештини, бидејќи секогаш ќе има нешто ново што ќе треба да го научите.

И, додека има голем број на вештини кои треба да ги имате и се поврзани со индустријата во која работите, постојат и такви кои во денешно време е добро да ги поседувате, дури и ако не сте во областа на информатичката технологија.

Одберете една или повеќе од листата и обидете се да ги научите и усовршите оваа година.

Уредување на фотографии

Фотографиите не се само за селфиња и за Инстаграм. Тие се исто така многу важна алатка за маркетинг и секако онлајн присуството на компанијата. Затоа, добро е да имате познавање од алатки како Photoshop со кои ќе можете да ги трансформирате фотографиите кои ќе бидат наменети за блогови, веб-сајт на компанијата, онлајн маркетинг кампањи, е-маилови итн.

SEO (Search Engine Optimization)

Јасно е дека кога на некого му треба информација за било што, веднаш оди на Google. Можете да ѝ помогнете на вашата компанија да добие предност со тоа што ќе научите нешто повеќе за тоа како функционира SEO и како може да го подобри бизнисот на компанијата.  

E-mail маркетинг

Е-маил маркетингот е еден од најлесните и најефективните начини да се придобијат клиенти. Но, тоа сигурно веќе го знаете, бидејќи и вие добивате пораки во вашето е-маил сандаче од омилените модни брендови, ресторани, кино, магазини и останати веб-сајтови.

CMS (Content Management System)

Ова е алатка за онлајн содржини како веб-сајтови, блогови, фотографии, видеа итн. Иако во секоја компанија може да се разликуваат, откако ќе научите една, лесно ќе биде да ги сфатите и останатите CMS алатки.

Web Analytics

Речиси сите компании поседуваат сопствен веб-сајт, но сепак не е доволно само да сте онлајн присутни. Многу е важно да следите и да знаете колку е ефективен вашиот сајт, колку посетители има, што тие кликаат, или колку долго се задржуваат на содржините.

Со сите овие информации ќе знаете што луѓето сакаат или не сакаат, и ќе знаете што треба да содржи сајтот за посетите да се зголемуваат.

Social Media Marketing

Секако, сите компаниите треба да бидат достапни и активни на социјалните мрежи, доколку сакаат да бидат поблиску до постоечките и потенцијалните клиенти. Затоа научете ги сите алатки и можности на социјалните медиуми, кои можат да му помогнат на бизнисот, на организиран начин да постигне добри резултати.

Проект менаџмент

Да ги следите внимателно сите задачи и целиот распоред кој го имате е од клучно значење во секоја работа. Но, во денешно време со сите апликации и алатки за менаџирање со проекти, многу е полесно постојано да бидете во тек со сѐ. Истражете и одберете ја онаа која најмногу ви одговара и работата ќе ви биде олеснета.