Назад

Како да се пофалите и да ги истакнете вашите вештини на интервју за работа?

Ако имате големо искуство во вашата индустрија и поседувате многу вештини, добро е да ги нагласите за време на интервјуто.

Но, мора да знаете дека постои разлика помеѓу „правење важни“ и докажување на вашето знаење.

Следните совети ќе ви помогнат да оставите одличен впечаток, истакнувајќи ги вашите вештини на вистински начин.

Споменете ги вашите вештини на интервјуто

Еден од најлесните начини да се осигурате дека работодавачот е свесен за вашите вештини и искуство, е културно да ги споменете кога ќе сметате дека е потребно.

На пример, ако тој ве праша кои се вашите способности, вие можете да ја искористите шансата и да зборувате конкретно и детално за вештините и не заборавајте да го вклучите и искуството кое може да се поврзе со работата во нивната компанија.  

Покажете, не кажувајте

Кажувањето и покажувањето се две различни работи. Наместо само да нафрлите кои се вашите вештини, покажете им со вистински зборови кои ќе го потврдат вашето кажување.

Можете да напоменете колку години работите во таа индустрија, да раскажете за вашите задачи и одговорности и накратко да резимирате за успешната работа или проектите на кои сте работеле. Со тоа што ќе дадете доказ за вашите вештини и искуство, ќе го убедите работодавачот дека сте компетентни за позицијата за која аплицирате.

Користете стручни („инсајдерски“) термини

Во секоја индустрија, постојат посебни фрази и терминологија кои се употребуваат. Обидете се за време на интервјуто да ја вклучите таа специфична терминологија (наменета за индустријата во која е компанијата) во вашиот јазик, секојпат кога ќе сметате дека може да ви биде од корист.

Ова е одлична можност да ги истакнете вашите способности и бидете сигурни дека потенцијалниот работодавач ќе биде импресиониран доколку му покажете дека навистина се разбирате во областа.

Поставувајте прашања

На крајот од интервјуто, задолжително е да поставите прашања. Тоа му покажува на оној кој го води разговорот дека сериозно сте заинтересирани за позицијата.

Обидете се да поставите прашања со кои ќе го покажете вашето длабоко знаење и разбирање во индустријата и за компанијата, секако. Покажете дека сте заинтересирани, љубопитни и дека имате големи познавања, и бидете сигурни дека шансите за вработување ќе ви се зголемат.

Бидете опуштени

Интервјуата се секако стресни, но внимавајте да не бидете премногу нервози, бидејќи тоа ќе го пренесете и на оној кој ве интервјуира, а тоа не ви оди во прилог.

Бидете смирени и фокусирајте се на вашето искуство што треба да го докажете и покажете сигурност и самодоверба со цврсто ракување, контакт со очи и добро држење на телото.

Слушајте ги внимателно прашањата кои ви ги поставуваат, верувајте во вашата подготвеност и обезбедете си вработување!