Назад

5 добри причини да одбиете понуда за работа, дури и ако е единствена

Да добиете понуда за работа после толку испратени апликации, е навистина големо достигнување.

Но, не сите можности се вредни – понекогаш, подобро е да одбиете некоја понуда и да се фокусирате на следното интервју.

Треба веднаш да знаете дека работата не е вредна ако работодавачот ве третирал лошо, или ако добиеното работно место не одговара на она што сте го разговарале на интервјуто.

Во секој случај, не секогаш овие работи се очигледни на почетокот, па затоа треба внимателно да размислите за компанијата и за понудата пред да донесете конечна одлука.

Дури и оние кои немаат други опции и понуди, не мора да ја прифаќаат единствената понуда по секоја цена. Со малку повеќе труд, ќе ја најдете најдобрата работа за вас.

За оние барачи на работа кои не знаат дали треба да ја прифатат понудата или да продолжат со барање на следна работа, еве неколку знаци кои ќе покажат дека работата не е вистинската за вас:

Културата на компанијата и околината не е тоа што го сакате

Повеќето барачи на работа имаат некоја замислена слика во главата за тоа како сакаат да изгледа компанијата во која ќе работат и нејзината култура и работна средина.

Идеалната средина за работа, каква и да е, за вас е најдобра, базирано на вашиот карактер и работни навики. Уште кога ќе одите на интервју, треба веднаш да забележите и да ја почувствувате целокупната атмосфера во компанијата и да знаете дали се совпаѓа со вашите очекувања.

Најдобро е да дојдете малку порано од договореното (но, не прерано), за да можете додека чекате да видите како вработените се однесуваат меѓусебно и каков е нивниот начин на работа и интеракција.

Не ви се јасни деталите од описот за работа

Добар оглас за работа треба да ги содржи основите за позицијата и вие уште пред да отидете на интервју да знаете што точно се работи и се бара, а потоа само подетално да се објаснат улогите.

Ако ја добиете работата, но сѐ уште не ви е јаасно што точно се бара од вас на работното место, можеби е најдобро да ја одбиете понудата.

Работата не е доволно предизвикувачка

Кога знаете што точно бара работата од вас и која е вашата улога, врз база на вашето претходно искуство, може да сфатите дека таа работа нема да го извлече максимумот од вас и нема да работите давајќи сѐ од себе и вашиот потенцијал нема да биде искористен.

Секој треба да прифаќа работни места каде што со добиената улога ќе може да се истакне и да се чувствува успешно, ќе може да учи нови вештини, да шири повеќе познанства и да си поставува цело кои ќе му биде предизвик да ги достигнува.

Доколку тоа не е возможно со работата која ви е понудена, треба да ја одбиете.

Често менување на вработени

Важно е да дознаете зошто позицијата која ви ја нудат е слободна. Доколку заменувате некој друг вработен – дали тој вработен бил отпуштен или дал отказ? Колку долго бил во компанијата?

Честите промени на вработените може да означуваат многу работи, меѓу кои и неефективен процес на вработување и незадоволство кај вработените.

Доколку можете, дознајте како вработените зборуваат за своите колеги и со какви проблеми се соочуваат во организацијата.

Одговорот на овие прашања ќе ви го покаже нивото на софистицираност на компанијата и на вработените и ќе знаете дали сакате да бидете дел од таа организација.

Едноставно не сте возбудени за работата

Можеби звучи клише, но треба да го слушате својот инстинкт кога се работи за нова можност за вработување.

Работата најверојатно  не е добра за вас, ако не сте возбудени за можноста која ви е понудена да се приклучите на тим во одредена организација.

Не е секогаш подобро на другата страна – ако не сте добиле желба за време на интервјуто или ако не сте се пронашле во тимот и не сте сигурни дека сакате да работите со нив, тогаш ова нема да се промени ниту кога ќе станете дел од нив.