Назад

Многу интервјуа, но не и понуди за работа: 6 причини зошто се случува тоа

Повеќето барачи на работа знаат колку е фрустрирачки да бидете повикани на второ интервју, за на крајот да бидете поразени од друг кандидат.

Некогаш некој друг кандидат ќе има искуство кое повеќе одговара на потребите на компанија од вашето, но доколку често се случува да не стигате до втората фаза од интервјуата, тогаш нешто правите погрешно.

Можеби некоја од овие 6 причини е таа поради која одите на интервјуа, но не добивате понуди за работа:

1. Не сте се подготвиле доволно добро

Кандидатите кои вложуваат напор и труд во подготовката за интервју, не само што се подобри во одговарање на прашања, туку и покажуваат самодоверба и искуство.

A, oна по што најдобро може да се покаже кандидатот е самодоверба, знаење и професионализам.

2. Немавте добар почеток

Првиот впечаток е многу важен, посебно кога се работи за интервју. Немојте да ја правите таа почетничка грешка, додека го чекате тој кој ќе го води интервјуто, да си повторувате во себе одговори кои сте си ги подготвиле од дома – така ќе изгледате нервозно и расеано на првиот состанок.

Што ќе кажете и како ќе се однесувате во првите 2 минути, има многу моќно влијание врз проценката на кандидатите.

3. Премногу сте „дрдореле“

Кога кандидатите се нервозни, им се случува да кажуваат премногу информации, но претераното зборување им здосадува на слушачите и им го оттргнува вниманието.

Освен тоа, не им оставате време на оние кои го водат интервјуто да покријат сѐ што треба.

Обидете се да не си ја дозволувате таа грешка и одговарајте на поставените прашања директно, наместо да лутате со одговорите и да бегате од темата.

Најдобро е да го следите „правилото 2 минути“ – никогаш не зборувајте повеќе од 2 минути, без да направите пауза или без да му дадете на соговорникот шанса да зборува во меѓувреме.

4. Не сте пренеле доволно ентузијазам

Многу работодавачи се жалат дека кандидатите не покажуваат доволно ентузијазам за улогата.

Мора да покажете дека навистина ја сакате таа работа, а не било која друга и да дадете јасни причини зошто е тоа така.

Нагласувајте ги важните работи кои сакате да ги кажете и да ги потенцирате и покажувајте кон што имате пасија. Секој ваш одговор треба да ги прикажува вашите способности и вашиот ентузијазам..

5. Не сте успеале да се справите со проблемите од CV-то

Оние кои имаат искуство во водење итнервјуа, се истренирани да ги бараат слабостите во вашето CV. Па, доколку за време на интервјуто не успеете да ги предомислите и да ги убедите во спротивното и да им ги покажете вашите посилни страни – вашата апликација нема да продолжи понатаму.

Разгледајте ги сите информации во вашето CV и размислете која од нив би можело да ги загрижи работодавачите и подгответе силни изјави за сѐ.

6. Вашиот краен впечаток бил слаб

Не мора да работите во продажба за да знаете колку е важно „да се затвори продажбата“.

Што ќе кажете на крајот на интервјуто, ќе биде запамтено многу повеќе отколку целата дискусија.

Подгответе неколку позитивни финални прашања и бидете подготвени да го завршите интервјуто како што треба.