Назад

Совети за работодавачите: 5 знаци дека кандидатот има голем потенцијал

Тоа што работодавачите или менаџерите го имаат како задача во процесот на вработување нови луѓе, е навистина тешко.

Тие треба многу добро да проценуваат и да знаат кога кандидатот е навистина добар и има потенцијал.

Секако, тоа зависи од професија до професија, и секаде се бара нешто различно што го прави кандидатот добар избор.

Но, сепак, постојат неколку знаци кои доколку ви ги покаже, треба да знаете дека е навистина квалитетен и амбициозен кандидат, кој поседува потенцијал.

1. Знае што ви треба и тоа јасно ви го дава до знаење уште во апликацијата

Ако кандидатот ја сака работата која ја нудите, тој ќе си земе време да ги истражи сите информации за вашата компанија и добро ќе го разгледа описот за работната позиција, вештините кои вие ги барате од нив за да ги извршуваат задачите со кои се занимава вашата органзација, со цел да ги исполни вашите очекувања, а тоа јасно ќе ви го покаже уште во својата апликација, CV и мотивационо писмо.

2. Ги признава своите слабости, но ги претвара во можности

Еден од најсилните показатели за успех, е волјата да ги признаете своите слабости и да објасните како можете истите да ги претворите во можности.

Кандидат кој поседува голем потенцијал, ќе биде способен да ви даде до знаење кои квалификации не ги поседува, но истовремено ќе ве увери дека независно на тоа, тој може квалитетно да ја заврши својата работа, притоа надоградувајќи се со нови вештини.

3. Знае да се издвои од останатите

Овие кандидати знаат како да се издвојат од конкуренцијата и подготвени се да ги  „прекршат“ правилата за да ви го задржат вниманието со некоја поразлична приказна во апликацијата или со некоја презентација која не сте ја барале, но позитивно ќе ве изненади.

Доколку навистина сакаат да остават добар впечаток, тие се трудат да бидат поразлични од останатите, со цел да ја добијат работата, давајќи ви до знаење дека и понатаму ќе се покажуваат во вистинско светло.

4. Ви остава јасен впечаток за тоа кој е и каков е

Кога човек е искрен за тоа кој е и што е, а притоа неговите вештини и карактеристики одговараат на она што вие го очекувате, тогаш зборуваме за вистински талент.

Кога кандидатот е отворен и искрен, тој уште од почеток ќе ви покаже каков е, за вие веднаш да знаете со каков човек имате работа и да не губите време доколку не сте заинтересирани. Но, секако, ваквите луѓе го очекуваат истото и од вас за возврат.

5. Автентичен е

Не е лесна задача да се најде талентиран кандидат кој е оригинален и веродостоен, уште од самиот почеток.

Всушност, како изгледа тоа и како треба да го препознаете? Можеби некој ќе има добра апликација и ќе ве воодушеви на прв поглед, но потоа ќе заклучите дека сепак не е тоа што го барате.

За транспарентно да му пристапите на кандидатот, морате прво да бидете јасни со вашите очекувања и вашата дефиниција за автентичност.