Назад

7 показатели дека ќе бидете успешни во сѐ што ќе работите

 

Сите различно го дефинираме успехот. И тоа треба така да биде, бидејќи успехот за секој значи нешто различно и секој се задоволува со различни работи.

Но сепак, најуспешните луѓе истовремено делат некои заеднички карактеристики и ставови.

Тие се соочуваат со ранливост, емоционални падови и успеси и со јавен и приватен неуспех.

Тие сакаат да успеат по свои правила – и тие се подготвени да прифатат признание за нивниот постигнат успех.

Ова се 7-те начини на кои ќе дознаете дали го имате во вас она што е потребно за како личност да бидете успешни во сѐ што ќе правите:
 

1. Уживате во вашиот и успехот на другите

Талентот е очигледно важен, но способноста да се работи заеднички и да се остави егото пред врата, како и жртвување на свои потреби кога тоа е неопходно, е единствениот начин за успех на секој тим.

Успешните луѓе секогаш се фокусираат на индивидуата наместо на позицијата, на тимот наместо на хиерархијата, и најважно од сѐ – се радуваат на среќата и достигнувањата на другите.

2. Не донесувате одлуки – креирате одлуки

Повеќето луѓе ќе се одлучат за понудена А или Б опција/решение. Но оние луѓе кои се на добар пат до успехот, ќе ги прескокнат двете понудени опции и ќе создадат своја нова.

Вистинските претприемачи откриваат што е најдобро од двете понудени, додаваат доколку е потребно нешто друго и прават тоа да се овозможи.

И затоа тие луѓе го постигнуваат незамисливото – бидејќи за нив тој збор нема исто значење како што за сите останати има.

3. Вашиот внатрешен глас е посилен од било кој друг глас што го слушате

Едни може да се двоумат.  Други ќе критикуваат. Трети ќе осудуваат и нема да одобруваат.

Но, вас не ве интересира туѓото мислење. Зошто?

Може да го почитувате мислењето на другите и да размислите за работите што ви ги кажуваат. Но, верувате во вашите идеи, вашите способности и вашата посветеност на нешто. Верувате во себеси!

А, тоа прави да сакате да го живеете вашиот живот на ваш начин, а не како што ќе ви кажат.

4. Верувате дека начинот на кој „играте“ е поважен од тоа дали ќе победите или изгубите

Ако сте на вистинскиот пат кон успехот, повеќе сакате да не успеете во нешто поради вашите одлуки, отколку да успеете по заслуга на некој друг.

Повеќе сакате да ја достигнете сами вашата иднина, отколку истата да лежи во нечии други раце. Сметате дека е подобро да изгорите отколку да избледите.

Секако, сакате да победите, но сакате и да ги промените правилата и да играте на ваш терен, игра каква што вие сакате да играте – бидејќи, победа во игра која сте присилени да ја играте, е исто како да сте изгубиле.

5. Не сакате да се стекнете со една вештина и да живеете рутина

Некои луѓе работат за да стекнат вештина или да достигнат некоја позиција и потоа да се опуштат во удобноста на нивното знаење и способности за цел живот. И тоа не е толку лошо.

Но, луѓето на патот кон успехот ја мразат удобноста која ја нуди достигнувањето на едно нешто. Тие го гледаат стекнувањето со една вештина како основа за стекнување уште повеќе вештини и способности. Тие ги гледаат достигнувањата како отскочна даска за повеќе други достигнувања.

Никогаш не се задоволуваат со едно нешто.

6. Фан сте на други успешни луѓе

Личниот успех најчесто доаѓа на сметка на некој друг. Ако добиете унапредување – некој друг нема да го добие, ако добиете можност за работа – некој друг нема да ја добие.

Затоа е тешко да се радувате на успехот на останатите кога вие сте разочарани.

Од друга страна, успешните луѓе, ги гледаат достигнувањата на другите како инспирација и мотивација за сопствената работа и труд да им се исплати понатаму.

7. Размислувате на начин: „Зошто не јас?“

Независно од трудот, успехот е тешко да се достигне и затоа сите ние понекогаш не успеваме во нешто.

А, кога ќе ни се случи тоа, лесно е да се депримираме и да се прашуваме зошто другите добиваат можност и успеваат, а ние не. Накратко, лесно е да помислиме: „Зошто баш јас?“.

Спротивно на ова, успешните луѓе се прашуваат: „А, зошто не јас?“.

Затоа тие кои трагаат по успех, ќе посегнат по цел која можеби изгледа невозможна, како на пример работна позиција која ја сакаат, а не ги исполнуваат сите барани квалификации. Тие нема да се обесхрабрат, туку ќе си кажат: „Ако тој/таа може, зошто да не можам и јас?“.