Назад

Аплицирање за работа за која не сте квалификувани, во 3 чекори

Доколку сакате некоја работа, а не сте квалификувани за истата, не треба веднаш да го прескокнете тој оглас. Постојат ситуации кои се исклучок и во кои иако не ги поседувате сите потребни квалификации, сепак има начин за и вие да си ја пробате среќата. Секако, ова не важи за сите случаи.

Работодавачите и менаџерите кои вработуваат, пишуваат огласи за работа кои ги привлекуваат луѓето да аплицираат, а истовремено се вардат од оние кои не се квалификувани за интервју.

Но, сигурно сте слушнале за кандидати кои ги исполнуваат сите квалификации, но сепак имало некој друг, кој „е подобар избор“ за позицијата.

Тоа е така, бидејќи компанијата попрво би вработила некој со само 2 години искуство, но се покажал одлично на интервјуто, отколку некој со бараните 5 години искуство, но бил неуспешен на пример во комуникација, која е од клучно значење за позицијата.

Па, што треба да правите во ситуација кога не ги исполнувате барањата? Како да разликувате кои се непреговарачки барања за кои нема отстапувања, за разлика од оние кои може да ги компензирате за други вештини и способности кои ги поседувате?

Следете го следниот водич од 3 чекори:

Чекор 1: Запрашајте се дали можете да ја работите работата

Не дали ја сакате работата или колку многу ја посакувате. Тоа не е важно. Не е важно колку сте заинтересирани за работа поврзана со странски јазици, ако работата бара преведување документи, а вие ги знаете само основите на јазикот. Тогаш, со сигурност не сте квалификувани и не треба да аплицирате.

Прочитајте го добро описот за отворената работна позиција и обидете се да добиете чувство за улогата која ќе ја имате секојдневно.

Размислете кои од бараните квалификации што не ги поседувате, може да се заменат со нешто друго во кое сте искусни за да ги завршите секојдневните задачи и обврски кои ќе ги имате во таа улога.

Чекор 2: Игнорирајте ги дополнителните барања

Некои барања во огласот се набројани и додадени само затоа што звучат добро, но тоа не е причина да не аплицирате.

Еден од начините со кои компаниите ги плашат кандидатите е со набројување на барања за нивниот „кандидат од соништата“.

На приемр, бараат напредни компјутерски познавања за работна позиција на која не и е неопходно толку големо познавање од компјутери. Или, може да се научат со текот на работата.

И на крај, секако дека и солидни, доволно квалификувани кандидати (како вас) добиваат интервјуа, а и работа, исто така.

Па, ако видите дека во огласот има дополнителни вештини кои мислите дека не се од клучно значење за позицијата, тогаш тие сметајте ги како бонус.

Чекор 3: Употребете ги магичните зборови

Запамтете го овој совет добро - Никогаш не го започнувајте писмото со: „Знам дека недоволно го поседувам искуството кое го барате, но...“.

Искористете ја предноста на основните вештини и способности кои се поопшти и може да се вклопат во повеќе улоги и индустрии, а сепак се клучни за поседување. Во овие вештини и способности спаѓаат: лидерство, мотивација, комуникација, управување со време, комуникација, истражување, аналитички способности итн...

Само немојте да претерате со нивната употреба која не е релевантна. На пример, не објаснувајте како чувањето деца ве подготвило за работа во улога на асистент, затоа што претходно сте биле задолжени за планирање на нечие попладне.

Фокусирајте се на тоа што го знаете од претходно искуство, но што навистина е релевантно и може да ви послужи за идната улога.

За крај, во мотивационото писмо, фокусирајте се на вештините кои вие ги поседувате и претставете се како идеален кандидат со вашите способности кои се потребни за работната позиција, а не им посветувајте внимание на вештините кои не ги поседувате, а ги бараат.