Назад

Како да привлечете и да вработите кандидати кои се самомотивирани?

Голем број од работодавачите имаат потреба од вработени, кои ќе бидат амбициозни и самомотивирани, ќе си ги знаат своите обврски и ќе нема потреба некој постојано да ги надгледува и да ги тера да работат нешто.

Но, многу е тешко да се најдат такв, бидејќи никој не може да знае однапред какви личности се кандидатите кои ќе аплицираат за отворената позиција.

Најдобрите решенија ќе се сведат на барање вработени и проверка на кандидатите.

Барање вработени

Најтешкиот чекор е да се најдат вработени и затоа треба да имате многу добар начин и пристап. Една од работите што можете да ги направите е да пишувате подобри огласи.

За почеток, направете истражување за тоа што сакаат луѓето кои ви требаат за работата. Читајте коментари за други компании кои вработуваат на истата работа, посетете онлајн форуми на таа тема и забележувајте кои се критиките. А оттаму, може да извлечете точни инструкции.

Потоа, разговарајте со вашите моментални вработени и прашајте ги што најмногу сакаат во работата и искористете го тоа.

Ставете ги сите тие работи во огласот и лимитирајте ги барањата само на оние кои се неопходни. Така, ќе ги привлечете полесно потребните кандидати кои ќе бидат заинтересирани за сето тоа што го нудите.

Проверка на кандидати

Ова е делот каде што ќе се обидете да дознаете колку се самомотивирани кандидатите.

Ова можете да го проверите во претходните работни искуства кои ги имале тие. На пример, дали работеле некаде каде што очекувањата се големи, а надзорот е минимален?

За да се биде успешен во таква работа, мора да се биде самомотивиран. И тука е вашиот одговор.

За понатамошно тестирање, може да им испратите е-маил на сите кандидати кои аплицирале, со неколку прашања за работата, кои ќе треба да ви ги одговорат.

Овие прашања ќе ги натераат да размислуваат, а на вас нема да ви одземат повеќе од 20-тина минути.

Оние кандидати со ниска самомотивација, нема ни да се потрудат да ви ги одговорат прашањата, за разлика од тие кои се мотивирани и ќе потрошат време да завршат добра работа и да ви одговорат на прашањата, покажувајќи се во одлично светло.

Тие кои нема воопшто да ви одговорат на прашањата, веднаш ќе ги отфрлите и нема да го губите времето со нив. Останатите кои се потрудиле, без разлика на нивниот одговор, заслужуваат да бидат повикани на интервју.

Во меилот, можете да им поставите прашања како на пример, како се справуваат со секојдневни работни задачи, или да ви напишат за некое искуство каде што требало да работат работа со мал надзор, а големи очекувања, или пак некои други прашања кои сметате дека се релевантни за работата, а сепак ќе бидат едноставни за да се одговорат по меил и ќе ви ги дадат потребните одговори.

Ако сте напишале добар оглас, ќе ги привлечете најдобрите кандидати кои ќе бидат возбудени за работата и нема да ја испуштат шансата да ја добијат истата, само затоа што сте им поставиле неколку прашања по е-маил.