Назад

Како да напишете добар оглас за работа, што нема да биде здодевен?

Огласите за работа постојат многу долго време, но скоро сите компании ги користат истите досадни огласи со еднолични описи за работното место.

Како да ги направите огласите подобри и поинтересни?

Првиот чекор е да разберете што бараат кандидатите. Однесувањето на кандидатите е клучно за пишување на одлични описи за работата, што ќе ги привлече талентите кои вашата компанија ги бара.

Според истражувања, кандидатите најчесто ги бараат овие три работи:

  1. Тие сакаат да знаат како сте вие поразлични од сите други – ова значи дека треба да напишете опис за работното место, по што ќе се издвоите од вашата конкуренција
  2. Тие ја сакаат вистината – не лажниот изглед и бренд кој им го „продавате“
  3. Тие сакаат да се чувствуваат посебно – големите таленти мразат да се чувствуваат како да се исти со останатите, затоа ќе треба во процесот да ги третирате сите како да се уникатни и посебни

Звучи лесно, нели? Но, не е воопшто. Многу е тешко да се објават огласи со одлични описи за работата, имајќи ги во предвид претходните 3 работи, но еве неколку совети кои ќе ви помогнат барем малку во тоа:

  • Искористете ги вашите вработени и нивните искрени коментари, за во описот вистински да им пренесете на кандидатите што всушност работата им носи и како таа изгледа. Во некои ситуации, во одредени организации, дури може и самите вработени во кратко видео да кажат како изгледа тоа што го прават секојдневно.

  • Разговарајте со менаџерите и видете што тие сакаат да видат од кандидатите и што навистина бараат за таа позиција која што е отворена. Можете на пример да ги цитирате во самиот оглас и да ги нагласите најважните аспекти за директно да им ја пренесете пораката на кандидатите.

  • Најголемата фрустрација за кандидатите е недостатокот на фидбек од вработените, севкупно. Што треба да направите?Ставете го вашиот службен мобилен број во огласот - така ќе покажете дека навистина се грижите, дека сте отворени за прашања и дека оние кои ќе аплицираат имаат каде да се обратат за новости. Или барем, ставете телефон од компанијата за кој сте сигурни дека кандидатите ќе можат успешно да контактираат со некој одговорен, доколку заѕвонат на истиот.  

  • Никаде не постои правило дека огласите за работа треба да бидат кратки, празни и досадни! Слободно можете да ја искористите кративноста при опишување на работата, компанијата, позицијата, посебно ако тоа одговара на типот на компанијата. Кандидатите регираат на организации кои не се плашат да ја покажат својата култура на работа и кои се трудат навистина на интересен начин да допрат до одлични таленти.

Пишувањето огласи за работа отсекогаш важело за досадна работа и ретко кој сака да ги пишува, но тоа не треба да биде така.

Не постои ниту правило дека треба да содржат само текст.

Најдете го најкреативниот вработен или можеби и практикант во компанијата, на кој имагинацијата му е на високо ниво, кој покрај тоа, секако, поседува и одлични способности за пишување и дозволете им да си ја завршат работата како што треба.

Имајте на ум дека огласите, покрај тоа што се функционални од легален аспект, може да послужат и како добар маркетинг.