Назад

7 фрази што ќе направат да изгледате многу несамоуверено

Ако сакате другите да ви веруваат, прво треба вие да си верувате и да се вреднувате себеси.

Зборовите кои ги бирате ќе ви помогнат да покажете самодоверба – или ќе направат да покажете слабост. Никогаш не ја потценувајте моќта на зборовите.

Постојат неколку фрази, кои доколку многу често и без причина ги употребувате, особено во работна околина, време е да ги заборавите.

Ќе забележите промена во тоа како луѓето ве доживуваат, а и ќе се чувствувате посамоуверено и подобро.

1. „Не сакам да ви пречам, но...“

Не е дека не сакате да му пречите на некого, кога нешто е важно и не може да чека. Тоа што не сакате е непријатното чувство додека да го изговорите тоа што ви треба и одговорот кој ќе го добиете.

Оваа фраза ја става другата личност во целосна контрола и ви ја одзема вас моќта. Затоа следен пат немојте да се обраќате со толку страв и непријатност во вас.

Наместо тоа, ако не сте сигурни дали е добар момент, едноставно кажете нешто како на пример: „Кога ќе имате минутка, сакам да разговарам нешто со вас“.

2. „Се извинувам“

Силните и самоуверени луѓе признаваат кога не се во право или кога извинувањето е неизбежно. Слабите луѓе го користат зборот „извини“ секојпат кога ќе се почувствуваат инфериорно.

Избројте колку пати го изговоривте зборот во текот на денот. Дали навистина ви е жал и се извинувате? Дали направивте нешто погрешно?

Во повеќето ситуации, не сте направиле нешто толку лошо, затоа следниот пат пред да ги искористите тие зборови, размислете дали се неопходни.

3. „Загрижен/а сум“

Оние кои не се самоуверени ги користат овие зборови само затоа што се грижат премногу.

Искажувањето на загриженост демонстрира страв од негативен исход и изгледате како претерано да размислувате на непотребни работи. Покажувате дека не барате решение, туку се фокусирате само на проблемот и грижите.

Размислете добро пред да кажувате за сѐ и сешто дека сте загрижени, бидејќи тоа преминува во навика. Чувајте ги грижите за вистински проблеми во животот, или уште подобро воопшто не се грижете – тоа само носи негативни фантазии кои може воопшто да не се случат.

4. „Ќе го направам тоа“

Кога прифаќате секакви задачи кои се и не се во ваша одговорност, тоа покажува дека не се цените доволно вие самите, како и вашето време. Бидете тимски играч, но не мора да трчате за секоја ситница што ќе излезе и да мора вие да ја завршите веднаш.

5. „Само...“

Секојпат кога ќе го искористите ова зборче, ќе се намалува значењето на она што го мислите или сакате да го кажете.

„Јас само мислев дека...“; „Ова е само идеа, но не мора...“; „Само сакав да...“

Ако имате идеја, сугестија, или сметате дека има некој проблем, тогаш изјаснете се со доверба во тоа што го кажувате, наместо да се деградирате себеси.

6. „Ако не е проблем, ќе може ли...“

Чекањето дозвола за да побарате нешто од некого, веднаш ја намалува важноста на што и да барате. Исто така, ја зголемува можноста тие да кажат: „Да проблем е“ или „Не може“...

Бидете авторитетни кога барате разумна услуга, дури и ако зборувате со некој надреден. Секако, не треба да бидете дрски, но немојте да го кажувате тоа со тивок и исплашен глас како да очекувате дека ќе ве одбијат.

Преминете веднаш на главното и кажете: „Кога ќе имаш време, те молам...“

7. „Јас мислам/чувствувам дека...“

Овие зборови на почеток на реченицата го дополнуваат или го имаат истото значење како зборчето „само“ и повторно, ја намалуваат вредноста на она што имате да го изјавите.

Едноставно, изоставите ги ваквите зборови и кажувајте ги директно работите што ги имате на ум.

Забележете ја разликата помеѓу овие два примера:

„Јас само мислам дека ова е голем проблем што треба да го разгледаме...“

„Ова е голем проблем и треба заедно да го разгледаме.“