Septima DOOEL
Определено
СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители
објавува конкурс за слободно работно место :
КОМЕРЦИЈАЛЕН СОРАБОТНИК за медицинска козметика
Потребни квалификации:
Високо или Вишо образование. Предност даваме на кандидати со завршен фармацевтски, медицински, стоматолошки или ветеринарен факултет
Знаење на англиски јазик
Познавање на MS Office пакетот
Возачка дозвола Б категорија
Работно искуство не е предуслов
Од кандидатот очекуваме да:
Посетува аптеки и врши стручна презентација, промоција и продажба на препаратите
Ја спроведува зададената маркетинг стратегија и планираните промотивни активности со цел остварување на продажните цели
Учествува во организација и припрема на стручни собири (конгреси и симпозиуми ) и ги реализира доделените активности на овие стручни собири
Учествува во обуките и континуирано стручно го усовршува знаењето и продажните вештини
Одговорен за унапредување на продажбата на препаратите на теренот за кој ке биде назначен
Одговорен за исполнување на планот на продажба на препаратите во рамка на планот за кој е задолжен
Персонални карактеристики :
Комуникативност и тимска работа
Одговорност и прецизност
Енергичност и ефикасност
Самостојност и завршување на задачите во рок
Посветеност и подготвеност за справување со предизвици
Ние нудиме :
Работа во позитивно, динамично и стимулативно опкружување, стручна обука, добри услови за работа и можност да во потполност дојдат до израз вашите професионални способности .
Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 02.05.2024, на e-mail: office@septima.com.mk
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.
05/02/2024