Новинар

  • VFV CONSULTING
  • Скопје
  • 17/07/2017
Неопределено Медиуми

Опис

КОНКУРС

Он-лајн медиумот medial.mk и post.mk распишува конкурс за следната позиција:

1.Новинар уредник

2.Новинар

3.Новинар за спорт

Услови:

Кандидатите за работната позиција Спортски новинар, Новинар и Новинар-уредник, потребно е да поседуваат работно искуство во областа на новинарството, да имаат одлично познавање на следните јазици и нивните правописи: албански, македонски и англиски јазик, да бидат ентузијасти и посветени на новинарската работа.

Обврски и одговорности:

Спортски новинар:

  • Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи од областа на спортот.

Новинар:

  • Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи.

Новинар-уредник:

  • Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи.
  • Надгледување на работата на другите новинари, проверка на текстовите и нивно уредување, објавување на истите на он-лајн медиумите, како и планирање и распоред на новинарските работни обврски.

Нудиме подеднакви услови за вработување, со што ги охрабруваме сите заинтересирани да аплицираат.

Аплицирање: Потребно е да испратите Ваша фотографија и CV на следната е-маил адреса: jobs@post.mk

Е-пошта

jobs@post.mk

Број на отворени позиции

4

Краен рок за аплицирање

16/08/2017