Тиго Фајнанс
Определено
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Работа со портфолио на клиенти кои се во фаза на доцнење и нивна комуникација
Посета на клиенти (физички лица) на домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор на оддел за теренско управување со кредитно портфолио.
Профил на кандидат:
Искуство во теренска наплата се смета за предност;
Одлични комуникациски вештини;
Вештини за преговарање и убедување;
Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РСМ;
Возачка дозвола Б категорија.
Услови од компанијата:
Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
Современа и најнова технологија;
Атрактивен пакет на бонуси;
Велнес програми и придобивки од попусти;
Дополнително колективно осигурување;
Можност за напредување;
Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Скопје
03/04/2024