Макстил АД Скопје
Определено
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби.
Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија.
Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Контрола на квалитет, отворено е следново работно место:
КОНТРОЛОР ЗА УЛТРАЗВУЧНО ИСПИТУВАЊЕ НА ЛИМОВИ
Опис на работно место:
• Врши идентификација на лимовите согласно дадениот извештај;
• Врши ултразвучно испитување на лимовите со помош на апарат за ултразвучно испитување;
• Изготвува извештај за ултразвучно инспектираните лимови.
Работни услови: Работа во три смени.
Потребни квалификации:
• IV степен стручна подготовка;
• Сертификат за завршена обука според ИСО 9712, најмалку ниво 1
• Минимум една година работно искуство;
• Способност и желба за тимска работа;
• Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
• Самоиницијативност и посветеност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 24.04.2024 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Контролор за ултразвучно испитување на лимови и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
Скопје
24/04/2024