Услови за користење

Вовед

Ве молиме прочитајте ги внимателно Условите за користење пред да го користите сајтот oglasizarabota.mk.

Oglasizarabota.mk го задржува правото да направи промена на Условите за користење во било кое време без претходна најава.


Услуги кои се нудат

Oglasizarabota.mk претставува сервис кој овозможува поврзување на Работобаратели и Работодавачи. Истите можат да се регистрираат, да направат свој профил/да објавуваат огласи за работа и да вршат пребарување на огласи за работа и CV-а.


Политика на приватност

Личните податоци на Работобарателите ќе им бидат достапни на Работодавачите при посета на oglasizarabota.mk.
Личните податоци вклучуваат име (задолжително), е-пошта (задолжително) и телефонски број (опционално).

Личните податоци внесени од страна на корисникот би можеле да бидат употребени од страна на oglasizarabota.mk со цел корисникот да биде известен за новости и/или промотивни понуди исклучиво поврзани со oglasizarabota.mk. Корисникот може да се избрише од овие листи за известување во било кое време.

Oglasizarabota.mk во никој случај нема да ги сподели корисничките податоци до ниту една трета страна.


Користење на веб страницата

Oglasizarabota.mk не смее да се користи за било која од следниве цели:

  1. За контактирање на корисниците на Oglasizarabota.mk за било која друга цел, освен за вработување.
  2. За контактирање на корисниците на Oglasizarabota.mk со цел нудење на производи/услуги од друга компанија.
  3. За објавување нелегална содржина.

Корисниците задолжително треба да внесат вистинити информации во нивниот личен профил, или огласот за работа.

Забрането е користење на текстуални содржини или слики од Oglasizarabota.mk за лична или комерцијална употреба.
 

Информации за корисниците

Oglasizarabota.mk не одговара за било каква лажна и/или погрешна информација вкучена во огласите за работа и профилите на корисниците.

Oglasizarabota.mk го задржува правото да измени или избрише информација испратена и објавена од корисник.


Одговорност

Oglasizarabota.mk не одговара за било каква загуба или штета која корисникот би можел да ја сноси со користење на сајтот.
 

Политика за колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња (cookies).

Тие претставуаат фајови кои користат идентификатор (низа од букви и бројки) кои се испраќаат од страна на веб серверот до веб прелистувачот и се зачувуваат во прелистувачот. Овој идентификатор потоа се испраќа назад до серверот секојпат кога прелистувачот ќе повика страница од серверот.

Користиме Google Analytics за да го анализираме користењето на нашиот веб сајт.

Доколку сакате да ги избришете колачињата кои се веќе зачувани на вашиот компјутер, ве молиме прочитајте како да го направите тоа во "Help" секцијата на вашиот прелистувач. Бришењето на колачињата ќе има негативно влијание врз употребливоста на овој веб сајт.