Назад

Тајни за зголемување на продуктивноста

Сигурно многупати сте се нашле во ситуација и момент од животот кога се чувствувате како да не правите ништо корисно.

Денот ви е исполнет со навики кои не ви носат ништо добро и само го губите времето.

Или пак, се трудите да завршите некои работи и да постигнете некакви цели, но безуспешно. 

Ова се 4 совети од професионалците за тоа како да бидете попродуктивни секојдневно.

1. Планирајте

Сѐ што ви треба е секое попладне да одвојувате по 5-10 минути, пред да ги завршите дневните обврски и да зацртате една нова цел која ќе ја исполните утре.

Некогаш, најтешкото нешто е да одлучите на што да работите прво и што да завршите прво. Ако оваа одлука ја правите наутро, може да се одолговлечи и блокира процесот, а тоа не е добар начин за започнување на денот.

Затоа претходната вечер, испланирајте си ги најпродуктивните часови за следното утро, за да не губите следниот ден време и да не се прашувате од каде да почнете.

2. Имајте утринска рутина

Да се има утринска рутина е најдобрата работа според многу професионалци. Со утринската рутина секојдневно ќе знаете дека уште на почетокот на утрото сте завршиле неколку работи како што треба.

Па така, без разлика што ќе ви донесе остатокот од денот, ќе знаете дека барем сте ја постигнале утринската цел (без разлика дали тоа ќе биде нешто поврзано со вашето здравје или ќе биде на професионален план).

3. Поделете ја работата во сесии

Една од најголемите грешки што луѓето ја прават е тоа што се фокусираат целосно на следната задача и си веетуваат дека нема да се поместат или да направат пауза додека не ја завршат.

Но, наместо да настапувате со тој став, поделете ја работата и испланирајте си од почеток периоди за пауза и за работа.

На тој начин, ќе го избегнете деконцентрирањето и ќе имате поголем успех и прогрес во задачите, проектите на кои работите или било што друго што правите.

4. Позитивен став

Ако навистина сакате да завршите повеќе работи, немојте да се фокусирате на тоа што не можете да го направите, туку посветете се на сѐ она што ви „оди од рака“.

Така, не само што ќе бидете посреќни, туку и вашата продуктивност ќе се зголеми. Кога имате позитивен став, и ги препознавате сите работи на кои треба да сте благодарни, ќе бидете способни да се фокусирате на многуте работи кои сте ги постигнале, наместо на работите кои не сте успеале да ги постигнете.

А, поради тоа, ќе можете и понатаму да целите кон завршување и достигнување на што повеќе задачи и цели.