Назад

Што се менаџерски вештини и зошто е важно да ги поседуватe?

Менаџерските вештини се нешто на што наидувате постојано во огласите и често го слушате на многу места, но сепак не можете да дефинирате што точно значи тој поим.

Во широка смисла, менаџерска вештина може да биде сѐ што ви овозможува да менаџирате со другите ефективно.

Додека некои вештини се разликуваат во зависност од индустријата, има некои кои се универзални во секоја работна околина и секако е добро да се поседуваат.

Па, доколку аплицирате за некоја менаџерска позиција, добро е да знаете кои вештини треба да ги поседувате и да ги вметнете во вашето CV:

Мотивација

Менаџерите кои можат да ги мотивираат вработените имаат голема предност во компанијата. Овој тип на интеракција, не само што ја зголемува продуктивноста и задоволството на вработените, туку и поставува добар пример, исто така.

Работодавачите бараат лидери кои можат да ги забележат силните страни на вработените и ќе им помогнат да ги развиваат.

Важни вештини во оваа област:

  • Oхрабрување на вработените да земат одговорност за проектите
  • Создавање енергична и високо мотивирачка работна средина
  • Укажување почит за достигнувањата на останатите и поддршка
  • Обезбедување награди и стимулација за добриот перформанс

Решавање на проблеми

Вистинската комбинација на вештини им дава моќ на менаџерите да идентификуваат и да се соочуваат со различни проблеми што може да се појават во работата.

Но, ова прво бара неверојатна моќ за забележување на детали. Врвните менаџери можат да забележат проблем, уште пред да стане очигледен и сите други во компанијата да го воочат.

Аналитички способности исто така се важна работа во менаџментот. Треба да знаете кои информации се најрелевантни, како да ги собирате, и што значат резултатите што ќе ги добиете.

Истакнете ги овие вештини за решавање на проблеми, во вашето резиме:

  • Забележување на потенцијални проблеми уште пред да се појават
  • Идентификација на фактори кои влијаат на проблемите
  • Решавање на проблемите брзо и ефикасно

Професионализам

Добрите менаџери имаат високи стандарди, за останатите вработени да може да имаат добар пример и да целат кон истото. Интегритет, искреност и професионализам се клучни способности за менаџерите.

Работодавачите бараат кандидати кои се држат строго до моралниот кодекс и поставуваат добри примери за другите.

Квалитети кои покажуваат професионалност во вашето резиме:

  • Обезбедување на исклучителни услуги за потрошувачите со професионален став
  • Покажување на силни морални вредности
  • Дипломатски решенија за работните проблеми
  • Покажување иницијатива
  • Присуство на семинари за професионален развој

Комуникација

Eдна од најголемите одговорности кои менаџерите ги имаат е ефективната комуникација, и со вработените кои работат под нив и со останатите менаџери.

Човечките вештини се клучни. Треба да бидете способни да комуницирате ефективно - вербално и пишано. Најдобрите менаџери се секогаш способни да испратат јасна порака и да споделат вредна и разбирлива информација што ќе им помогне на сите да си ја завршат својата работа.

Вклучете ги овие типови на комуникација и човечки вештини во вашето резиме:

  • Подготвување јасни и концизни материјали за обуки
  • Одржување на отворена комуникација со соработници
  • Успешно преговарање за решавање на споровите со вработените
  • Поттикнување комуникација помеѓу повлечените вработени
  • Водење ефикасни состаноци кои се продуктивни

Иновација

Иновацијата е клучен збор за скоро секоја компанија. Конкуренцијата секогаш ќе се обидува да развива подобри производи и услуги од компанијата во која ќе работите.

Тие компании кои имаат постојата иновација, остануваат на врвот, привлекувајќи нови клиенти и задржувајќи ги веќе постоечките со постојани подобрувања.

Работодавачите имаат „око“ за кандидати кои ќе донесат различни идеи и перспективи во компанијата и токму нив ќе ги вработат.

Истакнете ја вашата способност за иновација со овие вештини:

  • Развивање на иновативни решенија за потребите на потрошувачите
  • Генерирање нови идеи за маркетинг кампањи
  • Редизајнирање на системи за зголемена продуктивност и функционалност
  • Градење модели за истражување за тестирање на нови идеи за производи


Вклучувањето на наведените вештини во вашето CV, ќе ве донесе до успех во менаџирањето. Ова важи, како за оние кои бараат менаџерска позиција, така и за тие кои аплицираат за пониски нивоа.

Истакнете ги сите менаџерски способности во вашето резиме, без разлика каква работа барате.

Поседувањето на квалитети на добар менаџер ќе ве донесе до успех на сите нивоа во компанијата. Работете на овие способности и гледајте како тие ќе влијаат на вашиот перформанс и можности.