Назад

3 лаги кои си ги кажувате кога немате ниедно закажано интервју

Сигурно сте се соочиле со моментот кога сфаќате дека сте испратиле премногу апликации за работа, а не ви закажале нитуедно интервју.

И колку и да си кажувате дека не е ништо страшно, сепак тоа што немате ништо закажано по малку ве плаши и прави да се чувствувате лошо и неуспешно.

Но, запамтете: луѓето во такви ситуации не се неуспешни и постојат чести лаги во кои веруваат кога постојано се борат за нешто.

Ова се лагите кои најчесто си ги кажувате во таква ситуација и алтернативите со кои треба да ги замените:

1. Треба да аплицирам за повеќе работни места за да си ги зголемам шансите

Понекогаш отворените работни позиции се како лотарија. Кога ви треба да најдете нешто во најбрзо време, многу е полесно да погледнете во бројот на испратени апликации и да си кажете: „Морам да го дуплирам бројот за да ми се зголемат шансите да добијам некоја од нив“.

И потоа го губите цел ден во испраќање на прилагодено CV и недоволно приспособени мотивациони писма за секоја компанија посебно, само за на крај да си кажете „Дадов сѐ од себе“.

- Што да направите наместо тоа:

Наместо да аплицирате за колку што е можно повеќе работни места, погледнете подобро во огласите за сите тие позиции.

Можеби ќе сфатите дека не сите од нив се совпаѓаат со вашите цели во кариерата. Или, можеби ќе откриете големи грешки во апликацијата, што ќе ве чинат интервју.

Завршете си ја подобро работата и пред да почнете да „бомбардирате“ со апликации, проверете си ги добро грешките и поправете ги, а потоа видете дали ќе има некоја разлика кога ќе испратите помалку, но поквалитетни апликации.

2. Добро ми е и со сегашната работа

Кога не добивате никаков фидбек, лесно е да погледнете во сегашната работа со розови очила и да заклучите дека тоа е знак да останете на тоа место. На многу луѓе им се случило тоа.

Некогаш, иако работата ве исцрпува и не ви се допаѓа или не ве исполнува, се тешите со тоа дека барем добивате некакви приходи кои ви се неопходни.

- Што да направите наместо тоа:

Можеби звучи детски и смешно, но на многу луѓе им успеало ова: земете пенкало и запишете сѐ што не ви се допаѓа на сегашната работа. Одвојте краток период од денот и размислете за вашата работа која ја имате, а потоа запишете сѐ што ви пречи или не можете да поднесете.

Верувајте дека после тоа, големи се шансите да сфатите дека е време да почнете веднаш да барате нови шанси за подобра работа.

Тоа што ќе си ги видите сите жалби и поплаки запишани „црно на бело“, ќе биде уште поголем мотив да барате нешто што ќе биде спротивно од тоа што сте го запишале на листот.

3. Не можам да направам ништо за да го сменам ова

Кога се соочувате со ваков проблем, каде вие се трудите и мислите дека давате сѐ од себе, но сепак никој не ви закажува интервју, нормално е да помислите дека тоа што не добивате никаков фидбек е затоа што вие сте најлошиот кандидат што постои...

Секако, тоа е далеку од точно, но кога немате ништо на што да се радувате однапред и кон што ќе целите, тешко е да верувате во спротивното.

- Што да направите наместо тоа:

Иако ова ќе биде спротивно на сѐ тоа што погоре прочитавте, сепак некогаш може да ви помогне и тоа што ќе направите кратка пауза со барањето нова работа.

Целата ситуација можеби ве прави малку депресивни и се чувствувате незадоволно, па затоа може да бидете и многу непродуктивни, бидејќи сте постојано опколени со лоша енергија.

Доколку сте моментално вработени, барем 1 ден посветете се 100% на улогата која сега ја имате, дури и ако го мразите тоа што го правите, а потоа добро одморете се.

Или, ако сте невработени, одвојте едно попладне и правете нешто во што уживате. Променете го расположението и енергијата која владее во вас.

Иако изгледа како чекор назад, верувајте дека после таков одмор ќе бидете поинспирирани и со нови сили ќе се обидувате да го постигнете тоа што навистина го сакате, вклучувајќи ги сите совети кои ги прочитавте претходно.