Назад

Упатство за купување и објавување огласи на oglasizarabota.mk

Како да се регистрирате на oglasizarabota.mk и објавите огласи:

- За да објавите оглас на oglasizarabota.mk задолжително мора да се регистрирате како работодавач – компанија на полето „РЕГИСТРАЦИЈА“.

- Откако ќе се регистрирате и најавите, доколку сакате да објавите еден бесплатен оглас, одберете ја опцијата „ОБЈАВИ ОГЛАС“, пополнете ги полињата, следете ги чекорите и објавете го огласот.


- Доколку сакате да објавите спонзориран оглас или пакет огласи, одберете ја опцијата „ПАКЕТИ“, каде што може да го видите ценовникот и карактеристиките на секој пакет.


- Одберете го пакетот кој најмногу ви одговара и одберете ја опцијата „ПЛАТИ“.


- Пополнете ги полињата со податоци од вашата платежна картичка и кликнете „Потврди“.


- Ако плаќањето е успешно, ќе се појави пораката „Успешно извршено плаќање за пакет (името на пакетот кој сте го купиле)“ и потоа може да објавите оглас.


- Доколку сакате да купите уште еден пакет, повторно одберете ја опцијата „ПАКЕТИ“ и повторете го процесот.


- Откако ќе купите пакет/и, за да објавите оглас, одберете ја опцијата „ОБЈАВИ ОГЛАС“. 


- Имате опција да одберете кој пакет сакате да го искористите за да објавите оглас.


- Откако ќе одберете пакет, пополнете ги полињата, следете ги чекорите и објавете го огласот.

- Во полето „МОЈ ПРОФИЛ“ може да ги видите сите огласи кои сте ги објавиле, дали се активни и до кога.

- Покрај огласите, имате евиденција и во купените пакети – можете да видите кога се активирани, до кога се активни и уште колку огласи ви преостануваат од секој пакет.