Дали имате чувство како вашата кариера да стагнира? Новата година е тука, што значи дека е време за нов почеток.
Ако не сте биле доволно посветени на кариерата досега, сега е време за спротивното.
Можеби причина за тоа е недостатокот на цел – нешто што ве мотивира. Без разлиак дали тоа е нова работа или нешто ново на досегашната.
Следете ги овие чекори за полесно да ја пронајдете и следите вашата цел.
Убедете се себеси дека сакате нова цел
Нитуедна цел не е достигната без посветеност. Дали вие вистински верувате во вашите цели? Дали сте посветени? Ако не, тогаш променете ја вашата перспектива.
Немојте да чекате на околностите и да се плашите да излезете од комфорната зона. Ништо не може да ви гарантира дека ќе успеете, но чуда се случуваат кога ќе кажете „да“ и ќе се впуштите во нештото.
Започнете со мали чекори
Дали спаѓате во една од овие групи:
а) немате идеа што ќе правите понатаму со вашата кариера
б) знаете што е следниот чекор, но не правите ништо околу тоа сѐ уште
Во која група и да спаѓате, не е важно, бидејќи сега е време да продолжите понатам,у. Започнете полека.
Малите чекори ја зголемуваат вашата самодоверба и водат кон остварување на други мали чекори. Тие може да бидат многу поефективни и да постигнете повеќе, за разлика од големите работи кои може да останат недовршени.
Бавните, но стабилни одлуки, може да ве доведат до победа.
Направете стратегија
Најважно за да успеете е да имате план. Без план, ќе вложите многу повеќе труд од потребното, бидејќи планот ви овозможува организација и детално планирање на сите акции и чекори кои ќе ги преземете за да стигнете до посакуваната цел.
Вашиот план може да биде формален и долг или едноставен и краток. Поделете ја вашата конечна цел на повеќе мали делови. Земете календар и обележете ги сите мали работи кои треба да ги направите и запишете кога планирате да ги завршите.
Користете го вашиот план како водич и нешто што ќе ве охрабрува.
Гледајте во вашата цел секојдневно
Ако си поставите цел и потоа заборавите на истата, тогаш вашите зборови немаат никаква вредност. Гледајте во вашата цел и потсетувајте се секое утро, за денот да може да ви започне со фокус на нешто.
Секојдневното потсетување на вашата цел како да е дел од вас, игра голема улога во нејзиното остварување.