Графотекс ДОО

Графотекс ДОО Скопје почнува да работи во 1993 година. Уште од самите почетоци па се до денес ние се обидуваме да ги следиме и разбереме потребите на нашите купувачи и со нашата разновидна понуда секогаш да ги задоволиме нивните барања и потреби. Високиот квалитет и високата професионалност се нашите основни принципи на работа кои не водат до крајната цел – задоволните клиенти, кои пак повеќе од 26 години ни ја укажуваат нивната доверба.

Нашата разновида понуда вклучува секаков вид на школски и канцелариски прибор, тонери, ексклузивни пенкала, гифт програма, компјутерска галантерија, уметнички и промо материјали од најпознатите светски брендови.

Графотекс е горд застапник на: Pelikan, Media Range (Германија) Casio (Јапонија), Mar Mar – Lipa Mill (Хрватска), NBK, Vintec, Bigz (Србија), GPV (Романија), Tekiner Group (Турција), ReTech (Кина), Tony Perotti (Италија) чии производи се сметаат за водечки во областа на школските и канцелариските материјали ширум светот.

Како доказ за својот квалитет и грижа за околината и животната средина веќе години наназад сме горди сопственици на два различни сертификати: ISO9001 (сертификат за квалитет) и ISO14001 (сертификат за заштита на животната средина).

Графотекс е редовен учесник на различни саеми ширум Европа каде ги прати сите светските трендови и се обидува секоја година да донесе нешто ново и различно на пазарот во Македонија.

Сето ова го издвојува Графотекс како лидер во областа на школските и канцелариските материјали на територијата на Македонија.

0 оглас(и) во Графотекс ДОО