Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје

КМОП е непрофитна организација, основана во 1977 година. Таа е една од најстарите невладини организации во Грција со повеќе од 40 години акумулирано искуство во поддршка на маргинализирани групи.

Подружницата на КМОП во Скопје е граѓанска организација, која е регистрирана како локално Здружение на граѓани и работи автономно, но се потпира на богатото искуството на КМОП и ги следи состојбите во однос на ранливите групи во државата. Нејзината цел е да биде активно вклучена во сферата на системот на социјална заштита во Северна Македонија колку што е можно повеќе, да допринесе за олеснување на различните ранливи групи преку креирање на иновативни и ефективни решенија за некој од проблемите кои се јавуваат во државата, како и градење на локални заедници кои ќе бидат пофлексибилни кон оние на кои им е потребна поддршка. КМОП Скопје преку сеопфатна анализа, одржливи проектни активности и нејзино директно вклучување со локалните заедници континуирано вложува напори за решавање на различни проблеми, кои произлегуваат од разни систематски недостатоци на политиките и секојдневно ги погодуваат поединците од маргинализирани групи. КМОП Скопје спроведува проекти преку стратешко партнерство со јавни институции како што се Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, (Националниот) Институт за социјална работа и социјална политика и (Локалните) центри за социјална работа, како и во соработка со институции и организации од приватниот и граѓанскиот сектор, особено фокусирани на полето на социјална заштита и инклузија.

0 оглас(и) во Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје