Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје

Тиииит! Инк. е формирана како неформална група во јануари, 2011 година како резултат на желбата за активно дејствување во сферата на женските права, темелено на индивидуалното искуство на основачките во невладинoт сектор, културата, уметноста и медиумите. Со цел продлабочување на својата дејност и осигурување оддржливост на постигнатите резултати, од јануари, 2015 Тиииит! Инк. е формално регистрирана како непрофитна организација за промоција на женската активност. Основните сфери на интерес и дејствување на организацијата се женските права, женската интелектуална и креативна продукција, активното учество во промоцијата и развојот на независната културна сцена и граѓанскиот активизам во Македонија и регионот. Тиииит! Инк. ги реализира и унапредува своите активности во овие сфери преку поттикнување и афирмирање на различноста, истражувањата, неформалното обрзование и промоција преку креативна размена и соработка на актерите од овие области на дејствување. Досега организацијата има остварено успешни соработки со VoxFeminae - Загреб, BeFem - Белград, Pravo Ljudski - Сараево, како и со светскиот дистрибутер на филмови направени од/за жени Women Make Movies - САД.

Активностите на Тиииит! Инк. се поддржани од јавни установи (Младински културен центар - Скопје, Кинотека на РМ) и од домашни и интернационални донатори (ФООМ, FRIDA Young Feminist Fund) и истите се широко препознаени и посетени од бројна публика на најразлична возраст. Во ноември 2014, Тиииит! Инк. беше иницијатор за формирање на Матка - платформа за слободен пристап до легален аборус заедно со 8 цивилни организации кои работат на полето на репродуктивните права, правата на жените и ЛГБТИ заедницата (ХЕРА, ЛезФем, Реактор, Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Бори се Женски, Излез и Контрапункт). Од ноември, 2014 организацијата е член на регионалната мрежа Gendernet - неформална мрежа на организации кои се занимаваат со културни родни пракси низ медиумски, фестивалски и продукциски програми. Од самиот почеток на своето постоење, Тииит! Инк. реализира активности кои во својот фокус ја имаат активната женска сфера, нејзината поддршка и промоција.

Организацијата реализира концептуални настани во областа на независната култура и уметност, како и хуманитарни настани што се темелат на ентузијазам, пријателска размена и креативна соработка на претставниците на локалната и регионална независна културна сцена и невладин сектор. Настаните за промоција и унапредување на женските права што ги организира Тиииит! Инк. се одликуваат со богата и разновидна програма и посетени се од многубројна публика. Активизмот и вмрежувањето се клучна точка и фокус на организацијата, а нејзините активности се и можност за унапредување на соработка помеѓу организациите кои работат на сродни теми во региониот и во ЕУ. Програмата на настаните е секогаш продлабочена со учеството на повеќе регионални и интернационални гости.

0 оглас(и) во Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје