ДМТШ,,ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ,,

Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

 Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).

0 оглас(и) во ДМТШ,,ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ,,