АМСМ

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Како резултат на долгогодишното постоење, од една страна и континуираното залагање да чекориме заедно со најразвиените светски авто клубови од друга, денес со гордост можеме да кажеме дека АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации. 

Тенденцијата со препознатлив ентузијазам да одговориме на современите трендови во областа, значеше и континуирано проширување на портфолиото на услуги. Во таа смисла, денес АМСМ е во можност на своите клиенти да им обезбеди комплетни и софистицирани решенија и услуги. 

Благодарение на инсистирањето за постојано технолошко надградување и усовршување, денес АМСМ е современа организација со повеќе од 15.000 членови, кои ја препознале единствената вредност и квалитет на АМСМ услугите. 

Несомнено е дека континуираното остварувањето на стратегиските цели на АМСМ би било невозможно без несебичното залагање и лојалност на повеќе од 300 вработени, кои денес претставуваат комбинација на младост и искуство и кои несомнено ќе ја подготват и понесат организацијата во уште поголеми достигнувања.

2 оглас(и) во АМСМ

АМСМ Времено
Клучни работни обврски: - Го менува Техничкиот раководител на Лабораторија за калибрација во негово отсуство - Води сметка за примена на законските прописи и други акти - Се грижи за правилно функционирање на мерната опрема според годишен план за одржување на опремата дефиниран во ISO/IEC 17025- Навремена подготовка и реализација на оперативен план за работа и наплата на побарувањата - Извршува калибрација на опрема (во лабораторија и на терен)- Изработува записи од реализирана калибрација Доколку сакате да ни се придружите и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма (во PDF или word, апликациите кои треба да се преземаат од линкови нема да бидат разгледани) да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Заменик Технички раководител на лабораторија за калибрација, најдоцна до 31 мај 2022. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Скопје 17/05/2022
АМСМ Определено
КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ: Го менува Техничкиот раководител на Лабораторија за калибрација во негово отсуство Води сметка за примена на законските прописи и други акти Се грижи за правилно функционирање на мерната опрема според годишен план за одржување на опремата дефиниран во ISO/IEC 17025 Навремена подготовка и реализација на оперативен план за работа и наплата на побарувањата Извршува калибрација на опрема (во лабораторија и на терен) Изработува записи од реализирана калибрација
Скопје 13/05/2022