Шивач/ки

  • Dekra
  • Определено
  • 11/01/2019
Определено Производство Текстилна

Опис

Наш клиент е хрватска компанија од текстилната индустрија, која е основана во 2001 и која работи за потребите на автомобилската индустрија.

 

Има вработено повеќе од 500 луѓе и се занимава со шиење на опрема за ентериери на возила (Фолцваген, Мерцедес, БМВ, Шкода, Форд, Волво, Тојота и Ленд Ровер).

Компанијата има освоено бројни национални награди за најуспешна компанија во својата категорија, најдобар извозник од средна големина, најдобро средно претпријатие и најбрзорастечка компанија.

За нивните потреби ги огласуваме следните работни позиции:

 

ШИВАЧИ / ШИВАЧКИ

(20 позиции)

 

Работни услови:

  • Работното време е од Понеделник до Петок по 8 часа со 3 вклучени паузи
  • Работа во две смени

1 смена од 6.00ч. до 14.00ч.

2 смена од 14.00 до 22.00ч.

  • Саботите се работат по потреба и дополнително се плаќаат
  • Можност за дополнителна заработка и бонуси со остварување на таргети
  • Платено сместување од страна на компанијата
  • Платен превоз од Скопје до Преграда, Хрватска (50 км од Загреб) каде што е седиштето на компанијата
  • Месечната нето плата започнува од 400 Евра
  • Трошоците за вадење на работна дозвола ги покрива компанијата

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или биографии на work@dekra.mk.

                             

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју со клиентот во Скопје во кое ќе биде вклучен и практичен дел со работа на машина за шиење.

Потребни квалификации

Потребни квалификации:

  • Работно искуство како шивач/ка во текстилна или автомобилска индустрија
  • Завршена обука / курс за шиење - не е задолжително, но ќе се смета за предност

 

Лични карактеристики, вештини и спосособности:

  • Професионалност во извршување на секојдневните обврски и одговорност при следење на компаниските правила и процедури
  • Способност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
  • Желба и подготвеност за живеење во странство

Телефон

02 3 230 952

Е-пошта

work@dekra.mk

Веб сајт

Број на отворени позиции

20

Краен рок за аплицирање

10/02/2019
Аплицирај веднаш