Доктор

  • „Систина Офталмологија“ Скопје
  • Скопје
  • Неопределено
  • 05/11/2018
Неопределено Медицина

Опис

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија објавува оглас за вработување на доктор со интерес за специјализација по офталмологија.


Потребни квалификации:

  • Завршен Медицински факултет
  • Постигнат просек над 8
  • Положен државен испит 
  • Интерес за специјализација по офталмологија
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност


Личен профил:

  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Професионалионален и љубезен однос кон пациентите
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност


Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака „За оглас за Доктор со интерес за специјализација по офталмологија“ .

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Е-пошта

kariera@sistinaoftalmologija.mk

Краен рок за аплицирање

05/12/2018
Аплицирај веднаш