Маркетинг асистент

  • „Систина Офталмологија“ Скопје
  • Скопје
  • Неопределено
  • 23/11/2018
Неопределено Медицина

Опис

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите.

Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. 

Поради проширување на својот тим „Систина Офталмологија“ во Скопје, објавува оглас за вработување на:

  1. МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

 

Потребни квалификации:

  • Задолжително е работно искуство од мин. 2 години на слична работна позиција;
  • Завршено релевантно високо образование;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите:
  • Искуство со аналитички, организациски и истражувачки активности

Одговорности и работни задачи:

  • Планирање, развивање и имплементирање на ПР стратегии;
  • Посредување на информации меѓу тимот за можни идеи и тековни настани;
  • Поврзување и одговарање на прашања од медиумите, поединци и други организации;
  • Истражување, пишување и дистрибуирање на соопштенија до целните медиуми;
  • Собирање и анализа на медиумско покривање;
  • Пишување и уредување на текстови за списанија, говори, статии и сл.;
  • Организирање на настани вклучувајќи прес-конференции, советувања, промотивни денови и сл.
  • Осмислување и координирање на можностите за фотографирање;
  • Одржување и ажурирање на информациите на веб-страницата и социјалните медиуми Facebook и Instagram за настаните за кои се одговорни;
  • Управување со ПР аспектот на потенцијална кризна ситуација.

 

Личен профил:

  • Способност за тимска работа 
  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност, учтивост и хуманост
  • Самоиницијативност
  • Волја за развивање, учење и напредување

Заинтересираните кандидати потребно е да ја испратат својата кратка биографија (CV) со слика на електронската адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk со предмет: „За оглас за маркетинг асистент“.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

 

Е-пошта

kariera@sistinaoftalmologija.mk

Краен рок за аплицирање

23/12/2018
Аплицирај веднаш