Be-Da Logistic
Определено
Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција :
Генерален Менаџер на сектор за транспорт и логистика
Потребни квалификации:
Високо образование- Факултет за Бизнис, администрација и логистика, Економски или слично;
Познавање на странски јазици (англиски задолжително);
Работно искуство најмалку 4 години од областа на транспорт, логистика и шпедиција;
Работа со компјутери (Excel задолжително)
Личен профил:
Претставителност и комуникативност
Организациски и аналитички способности
Одговорност и професионалност
Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
Способност за тимска и самостојна работа
Способност за работа под притисок
Ориентираност кон клиенти
Опис на работното место:
Професионална комуникација со клиентите
Координација со тим лидерите
Развивање и имплементација на стратегиски план за работа
Одржување и следење на буџетот
Одржување на неделни/месечни состаноци со агентите и тим лидерите
Одржување на месечни состаноци со одговорните на компанијата
Непосредна и активна комуникација со сметководство
Активна вклученост во сите процеси на органзирање и одвивање на транспортот
Активно ја следи и вреднува работата на агентите
Одржување и унапредување на изгледот на компанијата
Други задачи поврзани со секојдневното функционирање на компанијата
Услови :
Работно време од 08:00 до 16:00 часот
Дополнително овозможуваме организиран превоз од дома до работа и обратно.
Вашата пријава со Професионална Биографија доставете ја на е-мејл: job@be-da.mk со назнака на апликацијата „Генерален Менаџер на сектор за транспорт и логистика“
Скопје
05/04/2024