Се извинуваме, но тој оглас за работа не е повеќе достапен. Разгледајте некои од останатите огласи кои би можеле да бидат слични на оној кој го барате.
Печатница ДЕКО ИНК има потреба од работник на машина за печатење . Pаботно искуство од најмалку 2 год со летер прес или флексо технологија.
Работно време 8 часа од 08:00-16:00 часот. Сабота и недела се неработни денови и празници.
Сите кандидати кои се заинтересирани за оваа работна позиција својата кратка биографија (CV) можат да ја достават на адресата за апликација: office@deko.com.mk
Фирмата ДПТУ Лапласт-М ДООЕЛ со дејност на производи за заштита од сонце и дожд т.е. Тенди, Чадори, Фиксни конструкции, Тенди-Перголи, како и Урбана Опрема и Детски Реквизити, поради зголемени обврски има потреба од 2 - два работника:
Мајстор за дрво за производство на производи од урбана опрема (клупи, канти за отпад, дрвени детски игралишта и дрвени реквизити).
Потребни се следниве услови:
ССС
Пожелно е работно искуство и возачка дозвола Б категорија
Плата од 30.000 до 50.000 ден.
Аплицирај на: info@laplast-m.com.mk и тел. 072 247 242
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија.
Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Производство, отворено е следново работно место: РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ЛЕАР
Опис на работно место:
• Врши проверка и контрола на ливниот прибор на ливната платформа;
• Ја следи состојбата на ливниот казан и го поставува на вртлива основа на Конти-лив;
• Задолжително е присутен за време на леење на шаржата и го следи однесувањето на металот и ливниот прашок во кристализаторот;
• Работното место го одржува чисто и уредно.
Работни услови: Работа во три смени.
Потребни квалификации:
III или IV степен на стручна подготовка;
• Со и без работно искуство;
• Способност и желба за тимска работа;
• Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
• Самоиницијативност и посветеност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 24.04.2024 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Работник во производство - Леар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
ЕНМОН објавува слободна работна позиција магационер/магацински работник во магацинот во Битола.
Претходно работно искуство е предност, но не е пресудно.
Задолжително завршено средно образование, основни познавања од работа на компјутер,
Возaчка дозвола Б-категорија, Ц-категорија е пожелна..
Искуство со управување со виљушкар е пожелно
Работно време: Понеделник до Петок, прва смена од 08:00 до 16:00 ч, втора смена 12:00 до 19:00 ч, секоја втора Сабота неработна.
Плата 32.000 ден.
Вашите апликации доставете ги на konkurs.mk@enmongroup.com