Асистент за пресметки на плата

  • Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
  • Определено
  • 14/01/2021
Определено Економија

Опис

Опис на работата

1. Опис на работно место:
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
• Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
• Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
• Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
• Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
• Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци

Потребни квалификации

Услови

. Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
• Високо образование;
• Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
• Добри познавања од областа на ИТ;
• Владеење на странски јазик – англиски;
• Добри аналитички способности;
• Уредност;
• Одговорност;
• Умешност да се работи со голем обем на информации;
• Работа во куси временски рокови;
• Исполнителност;
• Способност за индивидуална и тимска работа;
• Одговорна и лојална личност;
• Позитивен став.

Квалификации:

 

Универзитетска диплома

Јазици: 

Англиски (Одлично)

Вештини:

Word, Excel, Power Point, Outlook

Адреса

ул. Даме Груев бр.8 Скопје -Центар

Е-пошта

hr@rsm.mk

Број на отворени позиции

1

Плата

15.000

Краен рок за аплицирање

21/01/2021
Аплицирај веднаш