UNIQA AD SKOPJE
Определено
Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје има потреба од Правник за работна позиција Овластено лице за спречување перење пари и финансирање на тероризам .
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
спроведувањето на мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам согласно со наведениот закон,
воспоставување директна комуникација со органите на управување на субјектот
пријавување на сомнителни трансакции до УО на Друштвото
пријавување на сите договори за осигурување
спроведување на програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам
изготвување на редовни извештаи од областа за спречување на перење пари и финансирање тероризам
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
неосуденост за кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривични дела против службената должност, кривични дела против јавниот ред и кривични дела против човечноста и меѓународното право и други
високо образование од правните науки
одлично познавање на англиски јазик
организациски вештини и тимска работа
Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на uniqalifeinfo@uniqa.mk најдоцна до 07.04.2024 година.
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме и обработуваме Вашите лични податоци согласно нашите идни потреби во согласност соодредбите на Законот за лични податоци.
Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат барањата нема да бидат разгледувани.
Скопје
07/04/2024