Продавач - консултант

  • Самеримпекс - Импулси
  • Скопје
  • Неопределено
  • 20/09/2022
Неопределено Продажба и Маркетинг

Опис

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

За наш клиент, компанија која се занимава со трговија на првокласни брендови за уредување на подовите во станбени и деловни простории, бараме КОНСУЛТАНТ ВО ПРОДАЖБА.

Компанијата веќе дваесет години успешно поставува високи стандарди во областа, низ професионална услуга која на прво место го става задоволството на своите клиенти.

Ако претпочитате брзо темпо во пријатна работна средина, ве мотивираат постигнувања и развој за врвна услуга на клиентите, испратете ја Вашата пријава денес!

Нашиот КОНСУЛТАНТ ВО ПРОДАЖБА:

•Ги утврдува потребите на клиентите во продажниот салон

•Презентира модели од палетата производи, согласно потребите на клиентот и достапноста / залихата

•Креира понуди за клиенти, преговара за можни опции, рокови на испорака и сл.

•Внесува креирани понуди во интерниот систем за водење на продажбатаКомпанијата нуди одлични работни услови и можност за учење, стимулативна работна средина и можност за заработка според остварените резултати.

Заинтересираните кандидати треба да ги испратат писмо за интерес и биографија (CV) на natasa.ivanovska@insight.mkнајдоцна до 30.09.2022 со назнака: Консултант за продажба.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот ќе бидат контактирани за интервју.

Потребни квалификации

Кандидатот што го бараме има:

• Минимум четири години релевантно искуство во продажба и трговија. Предност имаат областите градежништво, внатрешно уредување, дизајн на ентериери, области поврзани со трговија на материјали за домување.

• Познавање на работа со фискални апарати и терминали за процесирање плаќања (ПОС терминали)

• Афинитет за комуникација со различни клиенти во контекст на утврдување на нивните потреби и креирање соодветна понуда од палетата производи

• Способност за преговарање и договарање проекти со различни клиенти

• Самоиницијативност и желба за постојано учење

• Познавање на NITRO или слични програми

• Познавање на англиски и албански јазик ќе се сметаат за предност

• Пожелно е поседување на возачка дозвола и возило, но не е услов за вработување

Е-пошта

natasa.ivanovska@insight.mk

Број на отворени позиции

1

Краен рок за аплицирање

30/09/2022
Аплицирај веднаш