Зегин ДОО
Определено
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови.
Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ .
За позицијата:
Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.
Потребни квалификации:
Образование: ССС / ВСС,
Познавање на MS Office,
Познавање на Англиски јазик,
Комуникативност и преговарачки вештини,
Трудољубивост и доверливост,
Мотивација за работа во тим.
Главни обврски и одговорности на позицијата:
Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури,
Внесување фактури,
Ориентираност кон потреби на купувачи,
Позитивен однос и убедливост во комуникацијата,
Примена на стандардите за работа,
Грижа за имиџот на фирмата.
Што нудиме:
Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
Бенефити за вработени,
Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки,
Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
Можност за професионален развој и надоградба.
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, и поседувате професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Асистент за продажба на kariera@zegin.com.mk или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058 .
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во малопродажба.
Скопје
21/12/2024