FIBERNET
Неопределено
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: Понеделник – Петок
Работни задачи:
Водење, унапредување и промоција на продажбата на дизел генератори, уреди за непрекинато напојување (УПС), електро опрема, соларни системи, слабострујни и јакострујни кабли, батерии и друга опрема;
Комуникација со постоечки и потенцијални корисници со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата;
Реализација на деловни состаноци и презентации;
Подготовка на понуди за корисниците, според нивните моментални потреби;
Воспоставување, градење и оддржување на силни врски со корисниците;
Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство;
Потребни квалификации и способности:
Познавања од областа на технологија
Напредни продажни, преговарачки и комуникациски вештини;
Најмалку 2-3 години работно искуство во продажба во иста или слична индустрија;
Одлично познавање на сите апликации на Microsoft Office пакетот;
Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
Возачка дозвола Б категорија
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk .
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Скопје
11/10/2024