Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.

За септември 2023 година, КАМ на своите вработени им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.

Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.

Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите. Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум. Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме. Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Неодамна КАМ ја прошири и листата на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор и воведе платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

One thought on “Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *