14 знаци дека сте подготвени да започнете сопствен бизнис

Дали некогаш сте посакувале да се откажете од сегашната работа или од напорното барање нова работа и да започнете сопствен бизнис?

Смачено ви е од работење за други луѓе и извршување на задачи кој друг ви ги наложил?

Не сакате да го работите тоа за ниска плата или едноставно сметате дека имате добра идеја за бизнис и сакате да ја реализирате?

Желбата и идејата некогаш не се доволни, и иако со упорност може да се постигне многу, сепак доколку не сакате да ризикувате и сте сигурен играч, треба да се водите според неколку знаци.

Тоа не значи дека ако не ги исполнувате сите критериуми не може да отворите бизнис или нема да успеете, но доколку ги поседувате сите, со сигурност ќе успеете.

Овие знаци укажуваат дека веќе буквално нема што да чекате и време е да бидете „сам свој газда“:

  • Имате одлична идеја која не сте ја сретнале претходно
  • Гледате добра можност за пробивање на пазарот
  • Имате реален бизнис план
  • Имате пари да инвестирате или пак инвеститори
  • Во можност сте да се издржите финансиски додека тргне бизнисот
  • Долговите ви се под контрола или имате добар кредит
  • Постојано сакате да учите нови вештини и да се надоградувате
  • Способни сте да си бидете сам свој газда и да не „забушавате“
  • Способни сте да им бидете лидер на други луѓе
  • Имате добра мрежа на контакти во секое поле кои ќе ви помогнат
  • Имате поддршка од најблиските
  • Подготвени сте да ги издржите и подемите и падовите
  • Подготвени сте за неуспех
  • Но, подготвени сте и на голем успех

Извор: www.crnobelo.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *