ОЗОН дооел
Определено
Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи.
За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата: Електро инженер за проектирање и работа со опрема за контрола
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
- Завршен Електротехнички Факултет или друг соодветен факултет за автоматика и управување со желба за понатамошно учење и развој
- Претходно работно искуство од минимум 3 години
- Познавање програми за 2Д и 3Д цртање електрични шеми е предност
- Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
- Солидно познавање англиски јазик
- Да поседува позитивен однос кон околината, грижа и одговорност кон работата
За следниве работни задачи
- Водење и изработка на техничка документација и изработка на електрични шеми, пуштање во работа на ПЛЦ и слично
- Комуникација со клиенти по е-маил, телефон и посета
- Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови
- Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на документација со технички карактеристики
- Организација и архивирање документација за тековната работа
- Изработка на извештаи
- Пресметки и изработка на 2Д или 3Д цртежи
- Примена и реализација на современи решенија и технологии
Се добиваат следниве услови за работа
- Редовни месечни примања
- Работа во прва смена
- Организирана исхрана
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
- Награди за квалитетно извршување на работните задачи
- Можност за обука и стекнување нови знаења
- Осигурување 24h од незгода
- Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
- Природно осветлување и пријатна работна средина
- Месечни примања согласно работното искуство и знаењето
Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.
Скопје
02/05/2024