Тиго Фајнанс
Определено
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Експерт за електронска продажба
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Активна телефонска продажба врз однапред определени листи за комуникација
Телефонска комуникација со постоечки клиенти преку излезни повици
Правилно презентирање на производот што се продава
Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на Оддел за телефонска продажба
Профил на кандидат:
Пожелно е да има искуство во продажба
Познавање на англиски јазик и MS Office
Ориентираност кон резултати и работа со таргети
Поседување на комуникациски и преговарачки вештини
Флексибилност за работа од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот и сабота од 09:00 до 14:00 часот
Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Основна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
Можност за професионален развој и напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Скопје
08/05/2024