МА ГАМИНГ ДООЕЛ
Определено
Работна позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ
Времетраење: Определено 3 месеци (со можност за продолжување), на полно работно време од 40 часа неделно
Број на слободни позиции: За 1 лице
Регион: Скопје
Емаил : contact@admiralclub.com.mk
Опис:
Барате интересна и перспективна работа во успешна компанија? Бидете дел од успешниот тим во АДМИРАЛ КАЗИНО !!!
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 700 вработени, дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.
Нашата најголема придобивка во повеќе од 15 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени со нивната посветеност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост.
МА ГАМИНГ нуди:
работа во брзорастечка компанија ;
работа во млад, креативен и амбициозен тим ;
брза и динамична работа ;
отворен и чесен однос, добри меѓучовечки односи и пријателска средина ;
можност за професионално усовршување и напредување ;
јасно поставено скалило на одговорности и очекувања ;
можност за остварување бонуси и награди на месечната плата ;
законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди, ноќен труд, сменско работење, работа во празник, работа во ден недела) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството, награда за најдобар работник во автомат клуб, новогодишна награда) ;
право на 20 работни дена платен годишен одмор ;
награда за препорачан пријател ;
новогодишни прослави, забави за нови подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани.
МА ГАМИНГ бара минимум потребни квалификации:
минимум завршено ВСС – Економски факултет ;
работно искуство минимум од 2 до 5 години во областа сметководство и финансии и задолжително поседување на лиценца за сметководител ;
познавање на MS Office пакетот и работење во Excel ;
познавање на Англиски јазик ;
возачка дозвола: Б категорија.
Дополнителни квалификации:
флексибилност и проактивност ;
друштвеност, комуникативност и позитивен став ;
самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок ;
умешност во решавање на конфликтни ситуации ;
чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност ;
прецизност и брзина во извршување на секојдневните работи ;
ведар дух, енергичност и смисла за хумор .
Кај нас ве очекуваат многу различни активности, предизвици, интензивна обука, Договор за работа во согласност со законот и атрактивна заработка. Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, испратете го вашето CV на емаил: contact@admiralclub.com.mk, со назнака за позицијата за кој аплицирате.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Скопје
28/06/2024