FIBERNET
Определено
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
Работни задачи и одговорности:
Водење и креирање маркетинг кампањи
Организирање маркетинг настани за потребите на компанијата
Следење, водење и уредување на сите платформи на социјални медиуми
Маркетинг кампањи преку e-mail newsletter платформи
Водење и уредување содржини на корпоративен вебсајт
Водење и надградба на постоечки корпоративен идентитет
Следење и контрола на маркетинг трошоци
Фотографирање и смислување концепт за естетскиот изглед на фотографијата
Подготовка на текстови за потребите на компанијата
Потребни квалификации и способности:
Претходно работно искуство за оваа позиција
Познавање и работно искуство со Е–Маркетинг, програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign)
Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
Педантност и организираност во работењето
Одлични вербални и писмени вештини
Креативност и способност за следење на детали
За предност ќе се смета напредно познавање на софтвери за графички дизајн
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk .
Скопје
11/05/2024