Се извинуваме, но тој оглас за работа не е повеќе достапен. Разгледајте некои од останатите огласи кои би можеле да бидат слични на оној кој го барате.
Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте на работната позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Основни задачи и одговорности:
Изготвување Договори и Анекси за вработување
Пријава на вработените во АВРСМ
Водење на персонални досиеја на вработените
Го следи и води процесот околу систематските прегледи на вработените, годишните одмори и зема учество во администрација на платата и бенефициите
Изготвување документи за прераспределба на вработените
Изготвување документи за ФЗОМ и Малмед (пријави/одјави, здравствено)
Изготвување на правилници, кодекси и процедури во работењето
Следење на промени во законската регулатива и програмите на релевантните институции
Соработка со инспекции од инспекторат на труд, безбедност и здравје, јавно здравје и другите релеватни институции
Поднесува потребна документација до релевантните институции
Изготвување на одлуки, решенија и известувања од областа на работни односи
Пријавување на работа на празник и годишни пријави за работно време
Водење на Безбедност и здравје при работа, пријави на несреќа при работа
Посакувани карактеристики:
ВСС, Прaвник
Работно искуство во областа на Човечки ресурси
Искуство во работа поврзана со законската регулатива во областа на БЗПР претставува предност
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности:
Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
Професионален и позитивен однос
Флексибилност за работа во динамична атмосфера
Способност за тимска работа
Што нудиме:
Стимулативна плата и бенефиции
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Специјалист за корисничка поддршка во контакт центар
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Навремена и ефикасна телефонска услуга за корисници во контакт центар
Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
Нудење можност за продолжување на рок за отплата
Постапување по потреби на корисници
На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор во контакт центар.
Профил на кандидат:
Познавање на англиски јазик и MS Office
Вештини за преговарање и убедување
Одлични комуникациски и продажни вештини
Внимание на детали и ориентираност кон резултати
Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-19.00, понеделник-петок и сабота 08.00-17.00
Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Можност за напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.