Се извинуваме, но тој оглас за работа не е повеќе достапен. Разгледајте некои од останатите огласи кои би можеле да бидат слични на оној кој го барате.
Печатница ДЕКО ИНК има потреба од работник на машина за печатење . Pаботно искуство од најмалку 2 год со летер прес или флексо технологија.
Работно време 8 часа од 08:00-16:00 часот. Сабота и недела се неработни денови и празници.
Сите кандидати кои се заинтересирани за оваа работна позиција својата кратка биографија (CV) можат да ја достават на адресата за апликација: office@deko.com.mk
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Експерт за електронска продажба
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Активна телефонска продажба врз однапред определени листи за комуникација
Телефонска комуникација со постоечки клиенти преку излезни повици
Правилно презентирање на производот што се продава
Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на Оддел за телефонска продажба
Профил на кандидат:
Пожелно е да има искуство во продажба
Познавање на англиски јазик и MS Office
Ориентираност кон резултати и работа со таргети
Поседување на комуникациски и преговарачки вештини
Флексибилност за работа од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот и сабота од 09:00 до 14:00 часот
Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Основна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
Можност за професионален развој и напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Ви нудиме:
Можност за вработување на неопределено/определено време (по договор)
Полно работно време/Скратено работно време (по договор)
Работа за викенди по договор
Плата по договор ( почетна : 30.000 денари )
Работа во динамична средина
Работни задачи:
Презентации на имотите и преговарање со клиентите
Континуирано следење и истражување на пазарот за недвижности
Советување за условите на пазарот за недвижности
Воспоставување на позитивни односи со клиентите и сопствениците на имоти
Контактирање на постоечките клиенти и сопствениците на имоти
Создавање на нови контакти
Следење и обновување на базата на податоци
Навремено водење на потребните административни задачи поврзани со имотите во дадениот регион
Потребни квалификации и личен профил:
Со или без претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
Минимум Средно Образование
Пожелно е поседување на возачка дозвола (активен возач)
Проактивна и насочена личност кон остварување на резултати
Добри комуникациски и преговарачки вештини
Лојалност, професионалност и дискретност
Одговорност и чесност во извршување на работните задачи
Почитување на правилата и вредности на компанијата
Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи.
За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата: Електро инженер за проектирање и работа со опрема за контрола
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
- Завршен Електротехнички Факултет или друг соодветен факултет за автоматика и управување со желба за понатамошно учење и развој
- Претходно работно искуство од минимум 3 години
- Познавање програми за 2Д и 3Д цртање електрични шеми е предност
- Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
- Солидно познавање англиски јазик
- Да поседува позитивен однос кон околината, грижа и одговорност кон работата
За следниве работни задачи
- Водење и изработка на техничка документација и изработка на електрични шеми, пуштање во работа на ПЛЦ и слично
- Комуникација со клиенти по е-маил, телефон и посета
- Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови
- Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на документација со технички карактеристики
- Организација и архивирање документација за тековната работа
- Изработка на извештаи
- Пресметки и изработка на 2Д или 3Д цртежи
- Примена и реализација на современи решенија и технологии
Се добиваат следниве услови за работа
- Редовни месечни примања
- Работа во прва смена
- Организирана исхрана
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
- Награди за квалитетно извршување на работните задачи
- Можност за обука и стекнување нови знаења
- Осигурување 24h од незгода
- Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
- Природно осветлување и пријатна работна средина
- Месечни примања согласно работното искуство и знаењето
Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.
Хенди Телеком,партнери на А1 Македонија има потреба од референт за продажба со одлични продажни способности за вработување во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати треба да достават CV со слика на e-mail officeskopje@handy.mk со назнака -За референт за продажба за во Скопје.
Работа на смени
Кандидатите со позитивен дух, самомотивираност, посветеност и спремност за учење и работа, потребно e да ги исполнуваат следните критериуми:
Познавање на Англиски Јазик, MS Office
Високи комуникациски способности и дирекна комуникација со клиенти
Способност за управување со понуди,склучување на постпејд договори,наплата на фактури и други документи
Познавање од областа на мобилната технологијa
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Регионален Супервизор на филијали
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.
Позицијата вклучува:
Одговорност за остварување на бизнис планот на филијалата и нејзино позиционирање на локалниот пазар;
Редовна посета на филијалите во мрежата и развој на кредитното портфолио на филијалите во рамки на регионот;
Следење на лимити на готовина;
Ад-хок контроли на готовината;
Редовни контроли на оперативните процеси по вработен во филијала, контрола на квалитет на директна комуникација со клиентите, како и повремени контроли договорени со Директор на сектор;
Редовен мониторинг на спроведувањето на процедурите;
On-job coaching – работа на професионален развој на членовите на тимот и развој на продажни вештини преку сценарија и дискусии;
Редовна евалуација на вработени и насочување;
Учество во избор на кандидати за отворени позиции во Филијали;
Обезбедување соодветна обука на работното место;
Редовни посети на филијалите, во согласност со месечен план за посети.
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџерот на филијали/Директорот на секторот.
Профил на кандидат:
Пожелно ВСС – економски факултет
Минимум 1 година работно искуство во филијала
Познавање на англиски јазик и MS Office
Вештини за преговарање и убедување
Одлични организациски способности
Способност за работа во динамично опкружување
Комуникативност и доверливост
Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации
Услови од компанијата:
Конкурентен надоместок и дополнителни бонуси
Редовни обуки за надградување на знаењето
Современа и најнова технологија
Можност за реализација на амбициозни идеи и предизвикувачки цели
Други бенефиции, каде што е применливо (автомобил на компанијата, телефон на компанијата итн.)
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Приватно здравствено осигурување
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје