1 оглас(и) во Тиго Фајнанс

Тиго Фајнанс Определено
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата: Специјалист за корисничка поддршка во контакт центар Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.   Позицијата вклучува: Навремена и ефикасна телефонска услуга за корисници во контакт центар Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите Нудење можност за продолжување на рок за отплата Постапување по потреби на корисници На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор во контакт центар. Профил на кандидат: Познавање на англиски јазик и MS Office Вештини за преговарање и убедување Одлични комуникациски и продажни вештини Внимание на детали и ориентираност кон резултати Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-19.00, понеделник-петок и сабота 08.00-17.00 Услови од компанијата:  Современа и најнова технологија  Можност за напредување  Динамични работни услови во брзорастечка компанија  Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш. Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Скопје 25/05/2024