CRUX според својата примарна дејност претставува бар за здрава храна чиј простор е адаптиран за да воедно функционира и како co-working простор.
Нашата цел е да се задоволат потребите на новите трендови и начинот на живеење во урбаната заедница- активен и поздрав живот, како и зголемување на свесноста и одговорноста за општеството во ова динамично време.
Наша таргет група се сите оние кои се инспирирани од нашата филозофија, кои носат одлука да го сменат нивниот начин на живот со прифаќање нови навики како физички активности, спортови за рекреација и секако здравиот начин на исхрана, односно луѓето кои веќе го практикуваат тоа.
Крајно, визијата на CRUX е да стане бренд препознатлив по својата општествена одговорност кон луѓето и околината, инспирирајќи ги и останатите на позитивен активизам.