ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ - ЗАЕДНО ПОСЛНИ Скопје.

Постои од 2009 година како група за поддршка и автономно тело во рамките на Здружението ХЕРА, а од декември 2013 е регистрирано како самостоен правен субјект.

Мисија

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ се води од визијата за општество во кое луѓето што живеат со ХИВ имаат достоинствен и исполнет живот, ослободени од стегите на стигмата и дискриминацијата, и во кое имаат непречен пристап до сеопфатна здравствена грижа, лекување и терапија во врска со ХИВ, како и во врска со други здравствени состојби, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ дејствува за зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права.

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ посебно се залага за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман на ХИВ-инфекцијата и на состојби поврзани или неповрзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.

Здружението постои за да се застапува за правата на овие граѓани, кои се прекршувани во многубројни сегменти.

0 оглас(и) во ЗАЕДНО ПОСИЛНИ