Оптика Призма е основана во 2018 година. Приказната ја започнавме по аквизирано 15 годишно искуство во областа на оптометријата и продажбата на очила и очни помагала. Нашата оптика е множество од искуства стекнати низ годините, во полето на заштитата на видот, изработката на оптички стакла, помош при одбирање соодветни очила и пружање квалитетна услуга на купувачите. Желбата да обезбедиме јасен вид, заштита на очите и насмевка на лицата на нашите клиенти нѐ инспирираше да започнеме да пишуваме едно сосема ново поглавје за нас.
Нашиот оптометрист- контактолог е целосно посветен на обезбедување најсоодветни решенија за потребите на клиентите. Нашите колеги се целосно свесни дека одличната услуга ќе резултира со задоволство кај клиентот, и поради тоа се подготвени да обезбедат услуга на највисоко ниво, притоа трудејќи се тоа да биде различно искуство.
Призма располага со најсовремената технологија за изработка, монтажа и оддржување на оптички помагала. Нашата апаратура е произведена од реномирани европски производители на оптометриски машини и апарати. Следејќи ги најновите светски трендови на оптометријата, тимот на Призма е обучен да ги изработи и монтира и најкомплицираните оптички или сончеви стакла.
Во Оптика Призма можете да сретнете огромен избор на оптички стакла и рамки, сончеви очила, контактни леќи и течности од добро познатите светски брендови и производители.